Ахмети за „Монструм": Стравувавме да не дојде до судири и ескалација на состојбата

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешното сведочење за случајот „Монструм" кака дека за петкратното убиство кај Смилковкото Езеро дознал наредниот ден и оти имал повеќе разговори со негови соработници.

Стравувал дека овој случај може да доведе до судири и несакани случувања.

– Бевме вознемирени и сакавме да ја знаеме вистината за овој настан. Сите на некој начин бевме исплашени да не ескалира ситуацијата и дојде до судир, кажа Ахмети.

Тврди дека тој и ДУИ давале придонес да се расчисти случајот. За тоа побарал поддршка и од претставици на САД и ЕУ, како и меѓународен мониторинг на судскиот процес.

Во изјавата за медиумите по сведочењето, Ахмети рече дека побарале повторување на судењето со меѓународен мониторинг за да се утврди вистината.

– Ние очекуваме судските власти да го разработат и да го расветлат случајот. Само така може да најдат мир тие што ги загубија своите најмили. Сме разговарале со политички авторитети затоа што политичките авторитети, политичките партии имаат одговорност за да ја менаџираат ситуацијата и на крај наша проценка беше дека постапката мора да се повтори со биолошки, со материјални докази, на најтранспарентен начин за целата јавност, затоа што овој случај е навистина трагедија и ако не се расветли така како што треба може да има последици. Затоа некој бара ова да го искористи за политички цели со најлоши намери за да ги стави двете страни во конфликт, кажа Ахмети.

ДУИ, според него, како политичка партија платила висока цена, сите ги обвинувале дека се поврзани со случајот и затоа, вели, никој повеќе од нив не сака да се расветли случајот.

Освен Ахмети, како сведок треба да се појави и неговиот сопартиец, обвинителот Џелал Бајрами, кој во 2012 година, кога се случи немилиот настан кај Смилковско Езеро ја вршеше функцијата заменик-министер за внатрешни работи. На денешното рочиште треба да севдочи и вицепремиерот Бујар Османи.

На претходните рочишта за случајот „Монструм" сведочеа и лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешната министерка за внатрешни работо Гордана Јанкулоска.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење./МИА

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта  во Македонија од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

притисни ентер