Почина човекот , кој го измисли ,,copy-paste”

Лари Теслер, ИТ експерт кој ги дизајнираше опциите cut, copy и paste на нашите компјутери, почина на 17 февруари на 74 годишна возраст.

Покрај споменатите опции, тој, исто така, ги создаде и опциите find и change, како и многу други дигитални алатки кои ги користиме секојдневно.

Роден е во Бронкс, Њујорк, во 1945 година. Студирал компјутерски науки на универзитетот Стенфорд во Калифорнија. Во текот на својата кариера, тој се фокусирал на развој на програми во врска со човечката интеракција со компјутерот. Работел во Амазон, Епл, Јаху и Центарот за истражување на Xerox во Пало Алто.

Xerox, исто така, се збогува на Твитер со креаторот на опциите што ги користат милиони луѓе низ целиот свет:

„Вашата дневна рутина на работа е олеснета од неговите револуционерни идеи. Лери почина во понеделникот. Придружете ни се да го славиме неговиот живот“, се вели во нивниот твит.

Теслер најверојатно дошол до идеја за опциите copy и paste инспириран од стариот метод на буквално сечење парче хартија со текст и лепење таму каде што е потребно. Овие команди станаа дел од софтверот на Apple во 1983 година.

притисни ентер