Во запален автомобил во Австралија настрадаа три деца и едно возрасно лице

Три деца и едно возрасно лице загинале во австрискиот град Бризбејн, во автомобил кој според првичните информации бил намерно запален.

Децата, кои се помали од десет години, се пронајдени од страна на пожарникарите во запалениот автомобил, пренесе „Би-Би-Си“.

Во пожарот во автомобилот загинал и еден маж, додека една жена е повредена и со тешки изгореници е превезена во болница.

Брзата помош интервенирала и кај еден од случајни те минувачи кој се обидувал да пријде до запалениот автомобил и при тој обид се здобил со изгореници на лицето.

Жителите на тој дел од градот за австралиските медиуми рекле дека виделе како жената која била зафатена од огнот излегува од автомобилот.

Како што пренесуваат, таа извикувала: „Фрли бензин на мене“.

Полицијата наведува де се уште е рано да се говори за идентитетот на жртвите, како и за евентуално насилство во семејството.

притисни ентер