Со огнен спектакл во Мадрид, навивачите на Атлетико го пречекаа Ливерпул (ВИДЕО)

Вечерва во 21:00 почна натпреварот во осмина финалето на Лигата на шампионите меѓу актуелниот европски шампион Ливерпул и домаќинот Атлетико во Мадрид на стадионот Ванда Метрополитано.

Навивачите на Ливерпул навиваа и пееја цел ден по улиците на Мадрид, а се проценува дека за овој натпревар пристигнале нешто повеќе од пет илјади.

Сепак, најголемото шоу на вечерта беше на домашните навивачи на Атлетико Мадрид, кои го пречекаа автобусот со своите играчи со спектакл од запалени факели пред да пристигнат на стадионот.

притисни ентер