На изборот за Мис , за најубава е прогласена 35. годишна Германка (ВИДЕО)

Леони Шарлот Фон Хасе (35) е успешна деловна жена и мајка и ќе остане запаметена во историјата како најстара победничка на натпреварот за Мис Германија, кој се одржува  од 1927 година.

„Не сакам една година да бидам кукла за изложба.“, рече таа, објаснувајќи дека повеќе сака да носи јакни и панталони.

„Не ми треба фустан за да ја изразам мојата женственост“, додаде таа.

Родена е во Намибија, каде сè уште живеат нејзините родители и трите сестри кои допатувале во Германија за да ја поддржат Леони Шарлот.

Оваа триесет и петгодишна жена пропатувала скоро низ целиот свет, живеела во Атина, Лондон, Милано, Капстад и Берлин. Работела во рекламни агенции и како стилист.

„Карактерот доаѓа со животното искуство“, вели оваа жена со руса коса и зелени очи.

Нејзиниот животен сон е да биде театарска актерка, но сè уште не го постигнала тоа, иако нема да се откаже, изјави таа на сцената. Како Мис на Германија, Леони Шарлот сака да ја симболизира модерната жена над 30 години.

Организаторите на овој натпревар посочуваат дека сакаат да ја истакнат личноста, карактерот и животната приказна на конкурентите. Затоа годинава немало ревии во бикини. Жените позирале во вечерни фустани и секојдневна облека, со вртоглави високи потпетици, но и во секојдневни чевли без потпетици, пишува Дојче веле.

Новата Мис Германија меѓу финалистките на возраст од 18-35 година беше избрана од жири комисија, чиј состав е исто така новина ,  беше составено само од жени.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Sun’s out, buns out! (Stretch marks, scars, cellulite and all the good things included). 🍑🌞🐡

A post shared by Leonie von Hase (@leonievonhase) on

Леони Шарлот ја очекуваат повеќе од 200 настани во наредните 12 месеци, вели организаторот Макс Клемер. Дел од таа работа ќе ја преземат нејзините две придружнички: Лара Рунарсон (22) и Мишел-Анастасија Масалис (23).

притисни ентер