Џеф Безос донира 10 милијарди долари во борбата против климатските промени

Сопственикот на компанијата Амазон и најбогат човек на светот, Џеф Безос, вети 10 милијарди долари за да помогне во борбата против климатските промени.

Најбогатиот човек во светот рече дека со парите ќе се финансира работата на научниците, активистите и други групи.

„Сакам да работам заедно со другите и да ги засилам познатите начини и да се истражуваат нови начини за борба против разорното влијание на климатските промени“.

На својот профил на Инстаграм, Безос напиша  дека фондот ќе започне со дистрибуција на парите ова лето.

Безос има проценето нето богатство од повеќе од 130 милијарди американски долари, така што донацијата претставува речиси 8% од неговото богатство.

Споредено со некои мулти-милијардери, Безос е ограничен филантроп. Неговата најголема донација пред денешната најава , се смета дека е 2 милијарди американски долари во септември 2018 година за да им помогне на бездомните семејства и да финансира училишта.

Тој, исто така, беше критикуван поради тоа што не го потпиша Договорот за хуманост, според кој супер-богатите ветуваат дека ќе подарат половина од своето богатство за време на нивниот живот.

Компанијата со седиште во Сиетл е сосед на Мајкрософт, кој во јануари го откри планот да за нулта емисија на јаглерод до 2030 година.

притисни ентер