Неверојатни акробации на џиповите во новиот филм за Џејмс Бонд (ВИДЕО)

Новиот ,,Дифендер” доби ново издание по повеќе од седум децении и ќе се појави на пазарот оваа пролет.

На 20 март, Land Rover ќе започне со промотивното видео кое е веќе објавено преку официјалниот канал на YouTube. Во најновиот филм од серијалот за Џејмс Бонд, „ No Time To Die “, Дефендер ќе игра важна улога, барем кога станува збор за акциските сцени.

Судејќи според тоа што може да се виде во спектакуларните сцени на потера, вклучени се повеќе џипови, од кои сите покажаа дека се неспоредливи на теренот.

Десет сериски копии на „Land Rover“ беа користени за време на снимањето на филмот без никакви измени, а не е познато колку останаа неоштетени.

притисни ентер