Роби Вилијамс по четврти пат стана татко!!

Британската музичка ѕвезда Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд по четврти пат станале родители. 

Благодарејќи и на сурогат мајка тие го добија синот Бу Бенедикт . Познатата двојка ја изненади јавноста со оваа информација бидејќи никој не очекувал вакво нешто.

Роби и Ајда на Инстаграм објавија фотографија на која се гледаат голите нозе на нивниот син.

Покрај фотографијата Ајда напишала дека таа и Роби го добиле синот благодарејќи и на истата „неверојатна“ сурогат мајка која на свет ја донесе и нивната ќерка Коко.

Ајда и Роби кои се во брак од 2020 година не зборуваат многу за својот приватен живот.

притисни ентер