Од епидемијата Ковид-19 досега во Кина починале 1665 лица

Бројот на починати од епидемијата на Ковид-19 во Кина синоќа достигна 1.665 лица, што е за 142 повеќе од претходниот ден, соопшти денеска националната комисија за здравство на земјата.

 Синоќа во кинеската провинција Хубеи која е извор на заразата се регистрирани нови 139 смртни случаи  од епидемијата на новиот коронавирус.

Претходно беа потврдени само три смртни случаи надвор од континентална Кина – во Хонг Конг, Јапонија и на Филипините.

Вкупниот број на заразени досега достигна 68.500 луѓе.

притисни ентер