Министерот Филипче и градоначалникот Костадинов од Валандово: Како никогаш досега вложивме во платите на здравствените работници

Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов, денеска беа во посета на Здравствениот дом во Валандово, каде остварија средба со директорот Роберт Марков и вработените во установата.

Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов, денеска беа во посета на Здравствениот дом во Валандово, каде остварија средба со директорот Роберт Марков и вработените во установата.

„Како никогаш досега вложуваме во здравствените работници. Дадовме повеќе од 5000 согласности, ги зголемивме платите. 40% на лекарите специјалисти, од 20 до 23% на медицинските сестри, 25% на општите лекари и 15% на здравствените соработници, кои во месец јуни ќе добијат уште едно дополнително покачување на платите од 5%. Инвестираме во младите и ги задржуваме со работа во јавното здравство. Во установата реализирани се 11 вработувања и одобрени се три специјализации“, истакна министерот Филипче.

Вработените во оваа јавно-здравствена установа се заблагодарија за грижата од страна на државата и потенцираа дека за првпат институциите имаат слух за нивните потреби и барања.

Во месец јануари, во Здравствениот дом во Валандово, почна со работа хигиенско-епидемиолошката служба (ХЕС).

Минатата година се пушти во употреба новата котелска постројка за парно греење на пелети во вредност од 1.500.000,00 денари, финансирана со средства од програмата (IPA SHIELD II) за прекугранична соработка Грција - Македонија, се наведува во соопштението од Министерството. 

притисни ентер