Заев: Верувам дека законите ќе се донесат и Собранието навреме ќе се распушти

Дали политичката драма околу Законот за јавното обвинителство ќе заврши в недела со распуштање на Собранието?  

СДСМ и  ДУИ тврдат дека нема криза во владината коалиција. Заев денсска изјави дека  најавата од генералниот секретар Николовски за ново парлаемнтарно мнозинство, била за да претстант игрите во парламентот

Артан Груби тврди  дека дуи недвосмислено ги поддржува сите клучни закони вклучително и Законот за ЈО и не го условува со ниту еден друг, а дека  измените на Изборниот законик со кој се предвидува префрлање на Дебар, Маврово и Ростуше од шестата во петтаа изборна единица, веке бил договорен и усогласен со сите пратенички групи

Сепак, доколку не дојде до изгласување на Законот за јавното обвинителство, останува опцијата да не се одржат изборите на 12 април. Извори од СДСМ брифираат дека во случај кризата одново да ескалира тие веке имаатобезбедно  67 пратеници без ДУИ за новото мнозинство..Иако децидно не одговори дали изборите ке се одложат, премиерот Спасовски, вели  дека  релациите со ДУИ се коректни но и дека не очекува опструкција во Собранието

 – Релациите со ДУИ се коректни, како што ја почнавме коалицијата со нив, така и ќе ја завршиме. Не очекувам да има дополнително неразбирливо одложување на носењето на законските решенија, ако дојде до тоа да се опструираат законите тогаш ќе му ја мислиме  ...

Политичка драма се случи синоќа по новопоставените услови од ДУИ, што ја налути СДСМ, а генералнииот секретар на партијата Николовски на Фејсбуик напиша дека постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

притисни ентер