Европската верзија на Електричниот Мустанг „Mach-E “ е претставена во Лондон во рамките на манифестацијата Форд „Go Electric“. Како што велат од Форд , европскиот „Mach-E “ ќе биде прилагоден за потребите на европските возачи и патишта.
Во верзијата со продолжен радиус на движење, автономијата на електричниот Мустанг изнесува и до 600 километри, мерено според „WLTP“ стандардот, велат произведувачите.
Батеријата подржува брзо полнење, па на брз полнач од 150 киловати може со 10 минутно полнење да се поминал 93 километри.
Како што велат од Форд, најпопуларната варијанта на „Mach-E “ е верзијата со заден погон и продолжена автономија на возење.
Според нивните податоци, дури 85% од потенцијалните купувачи изразиле интерес за оваа опција. Цените и останатите детали за моделот за европски пазар треба допрва да бидат соопштени.
Во САД Мустанг „Mach-E “ се нуди во пет верзии, со почетна цена од 43.895 долари, без пресметани субвенции. Базичниот модел со заден погон има батерија со капацитет од 75,7 kWh, 258 коњски сили и радиус на движење од околу 370 километри.
На спротивната страна од спектарот е најдобрата „GT“ изведба која чини од 60.500 долари. Овој модел има автономија на возење од околу 378 километри а располага со 465 коњски сили. Мустанг „Mach-E GT“ од о до 96 километри на час забрзува за околу 3,5 секунди.
Погледот во кабината на електричниот Мустанг открива дека во него доминира голем, 15,5 инчен екран од мултимедијалниот систем, сличен како кај некои Тесла модели, преку кој се подесуваат разни команди и функции во автомобилот.
Станува збор за последната генерација на Фордовиот „SYNC“ мултимедијален систем кој овозможува и гласовни команди.