Изречена највисоката парична казна за сообраќаен прекршок во Хрватска

Општинскиот суд во хрватскиот град Бјеловар ја изрече досега највисоката казна за сообраќаен прекршок.

На 34- годишен возач му е изречена казна од 72 000 куни (9 660 евра)  

Поради управување со нерегистриран и неосигурен автомобил, хрватски државјанин од областа Дарвар доби вкупна казна од 72 илјади куни за возење без возачка дозвола. Му беше изречена и заштитна мерка со која му се забранува возење моторно возило од Б категорија во рок од три месеци.

На 26 јануари 2020 година, во 20:55 часот во Дарувар, 34-годишникот е фатен како управува со сопствен нерегистриран патнички автомобил „Ситроен“.

притисни ентер