Манекенки облечени во фустани од чоколадо на саемот во Брисел (ВИДЕО)

Моделите облечени во чоколадни фустани се појавија денес на пистата во Брисел на модната ревија на која се собраа модни дизајнери и креатори на чоколади.

Една од 14-те креации на годинешниот Саем на чоколади беше шарен комбинезон со ливчиња чоколадо што се испакнати од ткаенината, пренесе Ројтерс.

„Тоа е мешавина од висока мода и белгиско чоколадо“, рече дизајнерката на моделите „Сикстин“, Ана де Молина, додавајќи дека поминала пет месеци работејќи на дизајнот кој вклучува илјадници парчиња чоколадо.

„Понекогаш е тешко да се каже кој дел од фустанот е всушност чоколадо, а кој дел е обоен“, рече таа.

Вториот фустан украсен со чоколади, кој, беше инспириран од карневалските маски, додека третиот имаше кафеави, беж и црвени ленти.

Со модната ревија беше отврен тридневниот саем за чоколади со работилници, дегустации и дискусии, за кои организаторот Жерар Паласоа проценува дека ќе привлече околу 25.000 посетители и учесници.

Отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Почна гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска од општинските изборни комисии.

Право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи, информираше денеска претседателот на ОИК Куманово, Драган Јовановски. 167-те избирачки одбори се подготвени за спроведување на изборите.

Претседателот на ОИК Липково, Лирим Јашари информира дека во општината право на глас имаат 25.632 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места.

Од ОИК Старо Нагоричане право на глас имаат 3.322 лица кои гласаат на 36 избирачки места, а процесот ќе го спроведуваат 38 избирачки одбори.

Дежурни поликлиники: Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит пазар

Како што соопшти министерството за здравство, службата за итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

Денеска дежурните ординации ќе работат во скопските поликлиники согласно вообичаениот распоред за работа за недела и за празници, ќе функционираат ординации за здравствена заштита во трета смена, во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит пазар, информираат од Здравствен дом-Скопје.

Како што соопшти министерството за здравство, службата за итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

Отворени избирачките места во Тетовско, 184.132 граѓани со право на глас

Почна гласањето во шестте општини на тетовскиот регион каде денеска можност за избор на кандидати за пратеници ќе имаат вкупно 184.132 граѓани со право на глас. 

Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места.

Најмногу избирачи има во општина Тетово, со 84.454 гласачи на 117 избирачки места. Следува Боговиње со 27.812 гласачи и 38 избирачки места. Во Желино општинска изборна комисија има 23.926 гласачки листиња, а бројот на избирачки места е 35.

Теарце брои 22.238 гласачи и 30 избирачки места. Во Брвеница има 24 избирачки места каде ќе може да гласаат 15.534 граѓани. Најмалку гласачи има во општина Јегуновце каде се регистрирани 10.168 гласач и 21 избирачко место.

-Изборната комисија за општина Тетово за денот на изборите има предвидено дислокација на неколку избирачки места. Сите избирачки места кои досега биле лоцирани во објектот на ЈКП Тетово на градски пазар се дислоцираат во ОУ Братство-објект Спортски центар, додека сите избирачки места од општина Тетово се преместуваат во ОУ Лирија, соопштија од ОИК Тетово.

Во понеделникот во тетовскиот регион 80 лица беа вкупно пријавени за поради потребата да бидат дома во изолација или болни од Ковид-19. Своето право на глас од дома вчера евидентирани како болни и изнемоштени имаа можност да остварат 192 лица во сите шест тетовските општини.

притисни ентер