Енрике Иглезијас и Ана Курникова добија ќерка и се пофалија на Инстаграм (ФОТО)

Пејачот Енрике Иглесијас и поранешната тенисерка Ана Курникова станаа родители на слатко девојче.

Откако почнаа да кружат гласини дека Ана е бремена, наскоро се појави веста дека се породила. Двојката конечно ги потврди гласините кога денеска ја објавија првата фотографија од нивната новородена ќерка.

01.30.2020

A post shared by Anna Kournikova Iglesias (@annakournikova) on

Енрике на својот профил на Инстаграм објави фотографија како ја држи ќерка си, а Ана на својот профил објави две фотографии, едната каде малото и лежи на градите, додека Енрике и го бакнува челото, а другата каде што позира сама со бебето.

My Sunshine 01.30.2020

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on

И двајцата родители имаат ист опис на фотографиите, на кои пишува „Моето сонце, 30 јануари 2020 година“.

My Sunshine 01.30.2020

A post shared by Anna Kournikova Iglesias (@annakournikova) on

Двојката има уште две деца заедно, двегодишните близнаци Никола и Луси. Сè уште не е познато кое име му го дале на новороденчето. Енрике и Ана се заедно скоро две децении, но сè уште не застанале пред олтар.

Бројот на заболени од корона во Европа надмина 5 милиони

Во пандемијата на „ковид-19“ веќе има заразено 5.000.421 лице во Европа, а починале 227.130, според податоците објавени деенска од агенцијата АФП.

Ден претходно беше надминат симболичниот праг од 200 000 жртви во Соединетите Држави, кои што го држат несреќното прво место по бројот на жртви во светот.

На стариот континент, повеќе од 380 000 нови случаи се потврдени во последните седум дена, што е најголем број заразени во рок од една недела по избувнувањето на пандемијата.

Ова зголемување на инфекциите делумно се објаснува со зголемувањето на бројот на тестови во некои европски земји, како што е Франција, каде што се прават повеќе од милион тестови неделно.

Со оглед на наглиот пораст на инфекциите во Париз, каде што инциденцата сега е 204 заразени на 100.000, властите вечерва може да најават поостри мерки за главниот град на Франција.

Можни се следниве мерки: забрана за продажба на алкохол по 20 часот, забрана за собирање повеќе од десет лица и намалување на бројот на луѓе на големи собири од пет илјади на илјада лица.

Од друга страна, не се разгледуваат нови ограничувања за домовите за стари лица во регионот на Париз, ниту нови мерки за транспорт, ниту работното време на баровите и рестораните.

Во Велика Британија, европската земја со најмногу жртви, премиерот Борис Џонсон вчера најави нови ограничувања: пабовите и рестораните ќе можат да соберат само толку клиенти колку што има места и ќе се затворат во 22 часот и повторно ќе се охрабруваат луѓето да работат од дома.

Овие мерки ќе важат „веројатно шест месеци“, најави Борис Џонсон и предупреди дека доколку не постигнат напредок, „воведувањето на подрастични мерки ќе биде неизбежно“.

Во Шпанија, една од најпогодените земји од коронавирус во Европа, главниот град Мадрид, кој повторно стана епицентар на пандемија, во петок ќе објави нови мерки за ограничување на слободата на движење и за другите населби и зони во обид да го спречи ширењето на инфекцијата.

Од понеделник, скоро еден милион луѓе во шпанската престолнина и нејзината периферија не смеат да го напуштаат соседството во кое живеат, освен да одат на работа и факултет или на лекар или кај службено лице (како што е суд) и да одат кај лице кое е зависно и бара грижа.

,,Пандемијата имаше катастрофален ефект и беше всушност поголема отколку што се очекуваше”, предупреди денеска Гај Рајдер, шеф на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Повеќе од 971.677 починаа ширум светот од крајот на декември и се заразени повеќе од 31,67 милиони, според податоците со кои денеска располага АФП.

Американскиот континент, каде што има повеќе од 38 проценти од сите нови инфекции во изминатата недела, е најпогодениот континент, иако бројот на смртни случаи е намален за 22 проценти.

Од друга страна, некои земји започнаа со ублажување на ограничувањата, како Саудиска Арабија, каде што ќе се овозможи одење на мал хаџ во Мека од 4-ти октомври.

Во првата фаза, околу 6.000 саудиски државјани и странци кои живеат во областа ќе можат да секој ден да одаст на мал аџилак што привлекува милиони верници секоја година, велат властите.

Јапонија размислува да ги ублажи ограничувањата за влез на нејзината територија од октомври, така што може да им овозможи на странците влез за престој подолг од три месеци. Туристите би биле исклучени од овие мерки и бројот на дневни записи би бил ограничен на 1000.

Јапонија се обидува да ја рестартира својата економија, но и да се подготви за Олимписките игри во Токио, кои требаше да се одржат оваа година и беа одложени за 2021 година поради короната.

Пандемијата влијае и на годишното Генерално собрание на Обединетите нации, кое започна вчера без ниту еден шеф на држава или влада во седиштето на организацијата во Њујорк. Сите нивни говори беа снимени порано и емитувани на веб-страницата на ООН.

Доналд Трамп ја искористи можноста да ја нападне Кина велејќи дека „Обединетите нации треба да ја сметаат Кина одговорна за нејзините неуспеси на почетокот на пандемијата со „ковид-19“ и по тој повод повторно зборуваше за вирусот како „кинески вирус“.

Пендаровски: Гоце Делчев е историска фигура која ги надминува регионалните граници

Безбедносната состојба во земјата и регионот е стабилна, а најголем предизвик останува состојбата со ковид-19 - оцени претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на 8-та седница на Советот за безбедност.

Гоце Делчев е македонски револуционер, но тој е историска фигура која ги надминува регионаните граници..Нека го чествува кој сака, нам Македонците тоа може да ни прави уште поголемо задоволство,изјави претседателот Пендаровски во однос на актуелната дебата за историските прања на релацијата Скопје- Софија

За Пендаровски нема ништо спорно во писмата што тој и премиерот ги испратија до патријархот Вартомомеј за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА .

Црквата и кога не сме имале држава била во заштита на Македонскиот идентитет,зошто сега кога гледаме дека тој е утврден и заштитен да не се заложиме за решавање на и на црковсното прашање, одговори претседателот по седницата на Советот за национална безбедност, на која било заклучено дека состојбата во земјата и регионот е стабилна . Најважниот предизвик и во следните месеци ке биде глобалната пандемија со ковид, но како што изјави не очекува дека ке има развој кој би влијаел во безбедноста.

Седницата на Советот е прва по македонското членство во Алијансата, Пендаровски информраше дека Македонија ќе воведе 5Г технологија за што за почеток ке се потпише меморандум за разбирање со НАТО.

Пендаровски: Решението на политички и историски спорови не лежи во идеологиите од 19-от век

Нашиот регион се уште се соочува со нерешени политички и историски спорови што имаат потенцијал да не вратат во деведесетите години на минатиот век. 

Решението за овие проблеми лежи само во надминување на историските митови, излезот сигурно не е во идеологиите од 19-от век за етничка и верска доминација, порача претседателот Стево Пендаровски во видео обраќањето на Генералното Собрание на ОН.

– Како мала држава во југоисточна Европа, внесовме дополнителна стабилност во регионот решавајќи, со посредство на ОН, еден комплексен спор со нашиот сосед Грција. Сега договореното го спроведуваме во добра верба, од што корист ќе имаат и нашите две држави, но и регионот во целина. Истовремено, подготвени сме, сите отворени прашања да ги решаваме низ дијалог на рамноправни субјекти, за што значаен пример е Договорот за добрососедство и соработка со нашиот сосед Република Бугарија, истакна Пендаровски во видео-пораката на Генералната дебата на 75-та сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, што годинава поради пандемијата од КОВИД-19, се одвива без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

Пендаровски потенцира дека наместо постојниот статичен поредок настанат по Втората светска војна, потребен ни е функционален и динамичен систем на споделени правила и принципи во кои веруваме, прилагодени на новото време, нагласувајќи дека 2020-тата треба да биде пресвртна година за сите нас.

– Неопходен ни е нов модел на активен, инклузивен мултилатерализам, препознатлив по солидарноста меѓу нациите и хуманоста меѓу луѓето. Во овој контекст, една од големите задачи на Обединетите нации е да ни помогнат да го задржиме фокусот и да ја држиме будна колективната свест и совест за глобалното добро,

Пендаровски нагласи дека оваа 2020-та година е несомнено една од најтешките години која ја живее човештвото во поновата историја, при што пандемијата за само неколку месеци, освен што однесе безмалку еден милион човечки животи, остави длабоки последици во речиси секоја сфера од нашето живеење, за што ќе ни бидат потребни години додека целосно закрепнеме.

– КОВИД-19 предизвика тектонски промени во поредокот кој го знаеме, но, ни овозможи и реален увид во националните капацитети на јавното здравје за справување со кризи од планетарни димензии. КОВИД-19 е само уште една во целиот спектар од кризи со кои се соочуваме како човештво и ниту една од нив не е целосно изолирана од другите. Здравствената криза е истовремено и економска и социјална бидејќи предизвикува сиромаштија, а, сиромаштијата е плодна почва за екстремизам и конфликти, истакна Пендаровски.

Тој порача дела конфликтите ги загрозуваат човековите права и слободи и предизвикуваат хуманитарни катастрофи и бегалски бранови, а овој вител на кризи и закани генерира страв, неизвесност и недоверба и ги поларизира односите меѓу државите, но, и внатре во државите, и конечно, го поткопува мултилатерализмот, кој денес ни е повеќе од потребен.

– Кога се во прашање нашите заеднички цели, дозволете ми да потсетам на зборовите на поранешниот Генерален секретар Даг Хамаршелд кој рече: Целите на Повелбата се израз на универзално споделени идеали што не можат да потфрлат; но, ние, луѓето, можеме да потфрлиме во нивното исполнување. Со други зборови, нашата организација може да биде ефикасна онолку колку што државите-членки тоа ќе и го дозволат. Затоа, за да го пребродиме овој период неопходна ни е солидарност меѓу државите што нема да се рефлектира само на здравствен план. Мора да бидеме солидарни и во поглед на иднината која треба заеднички да ја изградиме, додаде шефот на државата.

Тој нагласи дека трагедијата предизвикана од КОВИД-19 не би смеела да се користи за кревање на геополитички тензии и зајакнување на геополитичкиот натпревар меѓу големите сили.

– Науката мора да остане настрана од логиката на профитот, но, и од разорното дејство на пропагандата и дезинформациите. Политиките фокусирани на брзи резултати секогаш имаат краткорочен ефект. Ако кризите ги третираме изолирано една од друга, само ќе ги ублажуваме симптомите без да го излечиме човештвото. Затоа е неопходен интегрален пристап, рече Пендаровски во обраќањето.

Според него, пандемијата е можност и за преструктурирање на економиите, технологиите и начинот на живот, во согласност со принципите на одржливиот развој.

– Сиромаштијата нема да ја искорениме само со краткорочна финансиска помош за најсиромашните, туку, преку системско оспособување на тие луѓе да имаат достоинствен живот и еднакви можности да работат, да заработат, да формираат семејства. Ако постапиме спротивно на ова, јазот меѓу сиромашните и богатите ќе се продлабочува, а нееднаквоста ќе продолжи да се пренесува од една генерација на друга, додаде македонскиот претседател.

Тој потенцира дека надоаѓа и нова генерација на нееднаквости поврзани со образованието, технологијата и климатските промени, што сигурно ќе предизвика нови, големи поделби во општествата, што ќе биде видлеиво кај младите.

– Додека едни, разочарани од бесперспективноста, ги напуштаат своите држави, други бегаат кон инстантни задоволства и површни вредности. Државите-членки мора да продолжат да се залагаат за универзално образование за сите, бидејќи токму образованието е најмоќниот гарант на човековите права и слободи, истакна Пендаровски.

Тој потенцира и дека 25-годишнината од Светската конференција за жени, не потсетува дека е нужно да продолжиме да работиме на намалување на нееднаквоста меѓу мажите и жените што е се уште реалност на многу места во светот, додавајќи дека „треба да ја јакнеме во континуитет толеранцијата кон различните животни стилови и да ги штитиме овие групи од, за жал, широко присутното насилство врз нив".

– Нашиот економски и техничко-технолошки развој мора да стане климатски неутрален. При тоа, треба да се фокусираме на развој и поддршка на иновативните еколошки пристапи и одржливи развојни стратегии. За жал, за да ги санираат економските штети од пандемијата, многу влади и компании веќе прават компромиси на сметка на еколошката и климатска агенда. Со тоа само го штитат неодржливиот економски модел на развој втемелен врз фосилните горива и користење на недоволно платена работна сила. Ако се надеваме дека новите технологии можат и понатаму да бидат придружувани од нашите стари навики, само ќе ја влошуваме состојбата. Мора да учиме, да стекнуваме нови, одржливи навики што ќе бидат адекватни на новите технологии, додаде Пендаровски..

Тој во обраќањето нагласи дека на сите ни е јасно оти времето за акција е многу кратко и остануваат само уште 10 години за реализација на амбициозната Агенда 2030.

– И пред пандемијата имавме потешкотии да имплементираме некои од нејзините клучни цели. А сега, за нивна реализација мора истовремено да ги ублажиме и економските и социјални последици од пандемијата која сеуште трае. За да победиме во оваа трка со времето, наместо половични мерки што само ги одлагаат последиците, потребни се храбри и долгорочни солуции за кои е јасно дека ќе ги надживеат владите што ги донеле, нагласи шефот на државата.

Според Пендаровски, промоцијата на мирот и превенцијата на конфликти, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и со принципите на меѓународното право, немаат алтернатива, пшосебно во услови кога тероризмот и насилниот екстремизам се закани за сите нас.

– Република Северна Македонија се приклучува кон повикот на Генералниот секретар за глобално примирје и целосно почитување на меѓународното хуманитарно право во овие вонредни околности. Мојата земја, во рамки на своите можностите, е активен учесник во мировните мисии на ОН, но и во рамките на регионалните организации како ОБСЕ, Европската Унија и во мисиите на Северноатлантската алијанса. Во овој контекст, ги поддржуваме напорите за нов договор за контрола на нуклеарното вооружување и сметаме дека настојувањето на нашите стратешки партнери во него да се вклучат и новите нуклеарни сили е важен придонес кон поголема ефикасност во спречување на нова трка за вооружување, потенцира Пендаровски.

Според него, многу е важно инвестициите да не се сведат на вложување само во економиите.

– Демократијата, за која по крајот на Студената војна бевме уверени дека нема реална алтернатива, денеска е под жесток напад на популистички и авторитарни тенденции. Доколку сакаме да ја задржиме моралната супериорност на демократијата во однос на другите модели на политичко управување, мораме да инвестираме во неа, особено меѓу младите генерации. Во таа смисла, еден од фундаменталните предизвици пред нас е да вложуваме во едукацијата за демократските вредности за да ги потиснеме разбудените радикални идеологии, како неофашизмот, ултранационализмот и расизмот. Тоа е задача за државите и формалното образование, но, не помалку и за системот на неформалното образование, како и за граѓанското општество, додаде Пендаровски.

Според него, предуслови за да се постигнат поставените цели се ефективна меѓународна соработка и глобална солидарност за што ни се неопходни Обединетите нации, реформирани и прилагодени на новата реалност.

– Со сите свои недостатоци, оваа организација останува единствената вистински глобална, неутрална и легитимна платформа за соработка. Во однос на потребата за нејзина темелна реформа, предизвиците пред кои сме сите исправени можат да се решат само со повеќе, не со помалку мултилатерализам, кој освен владите и државите ќе го вклучува и приватниот сектор, меѓународните владини и невладини организации, академските установи и здруженијата на младите, жените и маргинализираните, кои со право бараат вистина, правда и еднаквост, рече Пендаровски.

Тој порача дека во духот на мултилатерализмот, Македонија ќе продолжи да ги исполнува своите меѓународни обврски и да ја поддржува работата на Обединетите нации и нејзините специјализирани агенции во креирање и спроведување на јавни политики за прашања од глобално значење.

– Од нашите одлуки денес, во екот на пандемијата, зависи како ќе изгледа нашиот свет, по пандемијата. Ова е ретка можност, поддржувајќи ја светската организација и поддржувајќи се меѓу себе, да направиме чекори кон создавање помирен и поправеден свет во кој ќе биде обновена вербата во хуманизмот, слободата, солидарноста и почитување на човековото достоинство. Јасно е дека само ако вложуваме во Обединетите нации ќе успееме да изградиме подобар свет и за сегашните и за идните генерации, истакна претседателот Пендаровски во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

притисни ентер