Европскиот суд пресуди дека Шпанија законски ги протерувала мигрантите

Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП) денеска донесе одлука дека Шпанија не ги крши европските закони кога веднаш вратила двајца мигранти кои ја преминале оградата на границата со Мароко.

Судскиот совет на ЕКЧП го прифати шпанскиот апел против пресудата на понискиот суд од 2017 година дека земјата со тоа не ја прекршила забраната за колективно протерување на странски државјани.

Судот пресуди дека двајцата мигранти дошле илегално прескокнувајќи ја граничната ограда. Инцидентот се случил во шпанската енклава Мелила во северна Африка, а мигрантите го сториле тоа во поголема група, користејќи сила.

Енклавата е опкружена со три паралелни огради, високи до шест метри.

Големи групи мигранти се обидуваат да ги прескокнат овие бариери секој ден и масовно се враќани во Мароко од шпанските власти.

Двајцата државјани , едниот од Брегот на Слоновата Коска , а другиот од Мали, претходно не се обиделе легално да влезат во Шпанија, со поднесување барање за виза или да барале заштита на службен граничен премин.

Затоа е нивна вината што шпанските власти не го оправдуваат протерувањето со поединечни решенија, пресуди судот во Стразбур.

Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, пред судот изјави дека е речиси невозможно „субсахарските Африканци“ да аплицираат за азил во Мелила по редовни канали или да стигнат до службен граничен премин.

Им останувала само опцијата „да се искачуваат преку ограда, од морскиот брег или да користат незаконски средства за преминување на границата“, напиша Мијатовиќ до судот.

Европскиот центар за уставни и човекови права, независна организација, истакна дека пресудата дозволува „насилно враќање на мигрантите низ цела Европа“.

Белгиски велосипедист падна од мост во Италија (ВИДЕО)

Белгискиот велосипедист Ренцо Евенпоел падна од мост висок неколку метри во Италија, во областа Ломбардија.

Евенпоел важи за една од најголемите надежи во велосипедизмот

За време на трката „Ил Ломбардија“ се преврте и падна од неколку метри високиот мост.Возачот Декјунинк беше дел од водечката група кои се спуштаа надвор од Колма ди Сормано - најголемото искачување на трката.

20-годишникот бил на четвртото место во групата кога го погодил ѕидот на мостот пред да се преврти и да падне од мостот.

Веднаш дошла итната медицинска помош и младиот велосипедист е однесен вбо болница. Засега не се познати детали за повредите

Белгиецот е еден од најперспективните велосипедисти , кој годинава победи на Трката околу Полска и Бургос.

Откриена брзината на Старлинк интернетот

Интересот за Starlink интернетот постојано расте, а неколку стотици илјади корисници веќе се регистрираа за новата услуга.

Форумот Reddit за Starlink Internet неодамна ги откри брзините што ќе ги понуди новата услуга, така што заинтересираните би можеле да видат дека терминот „супер брз интернет“ се заснова на реалност.

Првите две серии на сателити беа лансирани во мај и ноември 2019 година, а „SpaceX“ планира да постави вкупно 12,000 единици во орбитата на Земјата во наредните пет години, што ќе послужи како т.н. „соsвездие“ на сателитите кои ќе понудат невидени перформанси на интернетот.

Досега се лансирани скоро 600 сателити, а компанијата неодамна објави податоци за забрзано производство и дека со вселенското летало Starship ќе може да се испратат 440 сателити одеднаш, пренесува PC Press.Сега може да се види дека брзините ветуваат, иако експертите предупредуваат дека податоците во раните фази на развој секогаш ветуваат повеќе од тоа што всушност ќе се случи.

Со помош на апликацијата Ookla Speedtest, откриено е дека брзините се движат од 60 Mbps за преземање на податоци од интернет на компјутер (Downstream) и 17,7 Mbps за качување на податоци на интернет (Upstream)..

Мрежата во моментов го опфаќа само северниот дел на Соединетите држави и јужниот дел на Канада, а брзините се тестирани и во Вашингтон.

Бос танцувал на дожд , па добил балетска стипендија во Њујорк (ВИДЕО)

Момче на 11-годишна возраст од Нигерија чиешто видео како танцува на дожд, стана вирално на социјалните медиуми, доби стипендија за студирање балет на престижната американска академија.

Ентони Мемсома Маду танцуваше на дождот во Лагос, а неговото училиште за танцување го сподели видеото на Интернет и тоа веднаш стана хит. Неговите грациозни движења ја воодушевија добитничката на Оскар, Виола Дејвис, но и американскиот балетски театар во Њујорк.

Театарот му понуди на Ентони стипендија и му организира пристап до Интернет, така што 11-годишникот може да има виртуелна обука уште ова лето.

„Освоив голема награда со одење во САД ... Ќе бидам во авионот и тоа е она што ме чека и балетот го направи за мене“, изјави момчето кое не можеше да го сокрие својот ентузијазам за „Вашингтон пост“.

Неговото видео, гледано од милиони, обезбеди и бројни донации за училиштето во Нигерија, каде момчето во моментов вежба.

Основачот Даниел Ајала Овосени изјави дека средствата ќе бидат искористени за промовирање на балетот во Нигерија. „Видов потреба да се донесе оваа уметничка форма која покажува дисциплина, посветеност и строгост“, рече тој.

Ентони за BBC News пред неколку дена изјави дека се чувствувал како да сонува додека танцува. „Онаму каде што живеам нема балетски танчери како мене“, рече 11-годишникот. „Кога луѓето гледаат балет, мислат дека е само за девојчиња, но не знаат дека не е така“.

притисни ентер