Фото: Поради неа секој би гледал фудбал!!

Многу љубители на најзначајната споредна работа во светот, фудбалот посакуваат италијанската водителка Флоријана Месина да го замени легендарниот Гари Линекер во емисијата „ Match of the Day".

Легендарниот англиски фудбалер е домаќин на ова спортско шоу веќе 21 година.

Некогашната ѕвезда на Тотенхем има милиони фанови на Инстаграм , но тоа не му помага во „битката“ со убавата Флоријана  за задржување на својата позиција во шоуто.

30 – годишната Флоријана има искуство во водење на вакви  спортски емисии, сексапилната  Италијанска веќе неколку години  ја води емисијата на Каналот 9 „ Tutto Campo".

Бујните гради  и атрактивниот изглед се нејзините главни адути во „битката“ со Линекер.

Огнените водопади , чудесен феномен што постои само деновиве (ВИДЕО)

Националниот парк „Јосемити“ се наоѓа во Калифорнија, на планината Сиера Невада.

Тој е еден од најпосетуваните паркови, а исто така е познат по  необичниот природен феномен наречен огнен водопад.

Овој  водопад се појавува повремено кога врне дожд или се топи снегот од Ел Капитан, висока гранитна карпа. Тече од висина од околу 619 метри, а секоја година, околу Денот на вљубените, зраците на сонцето паѓаат на водопад под таков агол што ги прекршува гранитот зад водопадот, давајќи и на водата светло црвеникава боја, создавајќи илузија на оган или течна лава. Овој природен феномен трае приближно две недели.

Со години значело среќа да се биде на ова место во вистинското време на овој зачудувачки настан. Затоа Арон Мејерс, фотограф и инженер, дизајнираше компјутерска програма за мерење на аголот под којшто сјае сонцето. Притоа, тој предвиде дека на 22 февруари ќе биде најдобро време за гледање на водопадот, пишува Унилад.

Минатата година, дури 2.000 луѓе го посетија паркот за еден ден, едвај чекајќи да се сликаат на огнените водопади. Националната служба за паркови одлучи да го ограничи пристапот оваа година за да се заштити животната средина што е можно повеќе, вклучително и локалната вегетација и реката Мерцед што тече низ паркот.

На нивната веб-страница се наведува дека посетителите оставиле ѓубре зад нив минатата година.

Харисон Форд се враќа во дивината со кучето Бак (ВИДЕО)

Инспириран од романот и легендарната авантура на писателот  Џек Лондон, во книгата ,,Повик на дивината”, Twentieth Century Fox  ја оживеа приказната за кучето Бак.

Мирниот и идеален живот на Бак е целосно трансформиран кога е киднапиран и одведен во Јукон од неговиот дом во Калифорнија за време на златната треска од 1890-тите. Бак на Алјаска ја почнува неверојатната авантура и борба за живот за време на која ќе созрее, ќе научи за своето место во светот и ќе стане главното куче.

Рамо до рамо со Бак е Харисон Форд, актерска легенда, чиј лик Џек Лондон, исто така, поминува низ неверојатно патување во кое се бори против пороците и гревовите на неговото семејство.

Кучето и човекот, стануваат најдобри пријатели во борбата за своето место под сонцето. Светската премиера на филмот е вечерва.

Тојота со ограничена серија само за австралиските непроодни терени (ФОТО)

Тојота и натаму е најпродаваната марка во светот , а сега  нудат и нов модел на теренско возило.

Станува збор за Land Cruiser, сеопфатен џип кој е единствената врска од непристапните места. Тој е фаворит во Австралија и сега доби и ограничена едиција на 400 примероци. Land Cruiser Sahara Horizon се разликува  однадвор со специјалната маска и затемнетите капаци на светлата и светла за магла. На страната има 18-инчни рамки и неколку детали за ексклузивност.

Внатрешноста е обложена со кожа, воланот се загрева, а сите врати кога ќе се отворат ја проектираат светлината на моделот на земјата. Исто така, постојат и детали од сериските модели , вентилирани и загревачки седишта и целосна мултимедија, која вклучува навигација и врвен аудио систем.

Под хаубата е моќен 4,5 V8 турбо дизел мотор кој испорачува максимум 272 КС и 650 Nm, и се совпаѓа со шестстепен автоматски менувач.

Land Cruiser може да биде во груб на терен, но тој е полн со скапи перформанси. Оваа специјализирана серија се нуди по цена од 129.090 австралиски долари , што е околу 80.000 евра.

притисни ентер