Епидемијата на коронавирусот во Кина се смирува

Кина денеска регистрира најмал број нови случаи на зараза со коронавирусот во изминатите две недели, како надополнување на мислењето на кинескиот стручњак, дека епидемијата треба да заврши до април.

Кинеските власти забележаа 2015 нови случаи, со што вкупниот број достигна 44.653. Ова е најмало дневно зголемување на бројот на заболени од 30 јануари.

Податоците се објавени еден ден откако епидемиологот Џонг Наншан предвиде дека епидемијата во Кина ќе се искачи уште овој месец, а потоа ќе опаѓа.

Но, Светската здравствена организација (СЗО) ја спореди заканата од епидемија со тероризам.

„Се шири на други места и епидемијата е на почеток“, изјави Дејл Фишер, шеф за координација на СЗО, Глобална мрежа за предупредување и реакција на епидемии, во интервју во Сингапур. „ Во Сингапур сме на почетокот на епидемијата“.

Во Сингапур досега се пријавени 47 случаи, а околу 300 вработени се евакуирани од најголемата банка ДБС во Сингапур, бидејќи еден вработен бил заразен.

Под официјалното име , вирусот Ковид-19 се рашири во повеќе од 20 земји во светот. Досега, две лица починаа надвор од Кина: едно во Хонг Конг и едно на Филипините.

Најновите кинески податоци покажуваат дека бројот на загинати во вторникот се зголемил за 97 и изнесува вкупно 1.113. Сепак, социјалните медиуми покренаа сомнежи за доверливоста на податоците откако владата ги измени упатствата за класификација минатата недела.

Најголемото кризно жариште надвор од Кина е јапонскиот крстосувач, со број на заразени од коронавирус , што се искачи на вкупно 175. На бродот има тројца Македонци.

Крузерот е ставен во карантин на две седмици откако пристигна во Јокохама, јужно од Токио, на 3 февруари, откако маж што се симнал во Хонг Конг бил заразен со вирусот.

Новинската агенција Кјодо го цитираше Министерството за здравство дека од 39 случаи, 10 заразени биле членови на екипажот, а 29 биле патници и биле однесени во болница.

Камбоџа, во меѓувреме, се согласи да го прими крстосувачот МС Вестердам со 1455 патници и 802 членови на екипажот. Бродот одби да го прими Тајланд, Јапонија, Тајван, Гуам и Филипините, плашејќи се од можна зараза.

притисни ентер