Албанец се обидел да прошверцува 300 дијаманти во Србија

На граничниот премин Батровци во Србија, пронајдени се околу триста дијаманти во автомобил што пред тоа го поминал хрватскиот граничен премин Бајаково.

Според хрватските медиуми, српските цариници во саботата спречиле шверц на околу 300 дијаманти, за кои се верува дека се од голема вредност, но точно ќе биде утврдена по вештачењето.

Дијамантите биле пронајдени во Ауди со чешки регистарски таблички, управувано од 50-годишен Албанец со косовски документи.

Иако 50-годишниот возач постојано инсистирал на тоа дека нема што да пријави кај цариниците и полицајците, тие сепак го извадиле од колоната што доаѓала од Хрватска за темелно испитување на автомобилот. Потоа, во преградата пред патничкото седиште биле пронајдени неколку вреќички со скапоцени камења.

На прашањето зошто не ги пријавил дијамантите, возачот прво рекол дека не знае дека мора да ги пријави, а потоа изјавил дека станува збор за обични циркони, имено кристали Сваровски, кои немаат голема вредност. Како и да е, српските цариници и полицајци не му поверувале на приказната, туку повикале експерт кој открил дека Албанецот лаже и дека тоа се вистински дијаманти. Сепак, нивната вистинска вредност ќе биде позната само по испитувањето на секој поединечен примерок.

Откриените дијаманти ќе бидат задржани сè додека не бидат финализирани прекршочните постапки против албанскиот шверцер.

Фото: Ким Кардашијан не размислува на разводот ужива во бикини

Најпознатата американска старлета Ким кардашијан и покрај шпекулациите за нејзиниот развод од познатиот продуцент и музичар Канје Вест ужива на одмор.

Провокативната старлета редовно на социјалните мрежи објавува еготични фотки со кои ги информира фановите за нејзионите дневни активности.

На последната објавена фотка може да се види како Ким во црно бикини ужива на одморот.

Под фотката популарната старлета напишала:

-Ова не е живот, ова е рај!

Зад Ким се гледа гламурозен базен.

Инаку, на почетокот на 2021 година медиумите започнаа да шпекулираат со веста дека Ким Кардашијан и Канје Вест по 7 години се разведуваат.

Рекордно остварување на легендарниот Кире Лазаров

Легендата на европскиот ракомет капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров испиша нова страница во историјата на светскиот ракомет.

Капитенот на Македонија на последниот меч на нашата селекција на Мундијалот во Египет против Белорусија постигна 7 голови и на тој начин стигна до еден неверојатен скор , 500 голови во дресот на репрезентацијата на големите натпреварувања, што е апсолутен рекорд.

Легендарниот Македонец во поразот на нашиот национален тим од Белорусија постигна 7 погодоци и го доби признанието најдобар поединец на средбата.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не мрдна со прст за решавање на аерозагадувањето,

    Скопје се гуши, Шилегов ветуваше чист воздух за сите, епилогот низ фотографии покажува дека Скопје се труе.

За цели три години мандат скопскиот градоначалник не мрдна со прст за решавање на проблемот со аерозагадувањето. Пред изборите ветуваше чист воздух за сите. Три години потоа резултатите се запрепастувачки лоши. Нема ниту еден проект за решавање на горливиот проблем, а неговите чекори се фасадерски и несуштински. Скопје цели три години е оставено без капитални проекти и тапка во место. Градоначалникот лажго го загрозува здравјето на скопјани.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

притисни ентер