Доколку не се стави под контрола, Коронавирусот може да зарази 60% од светското население

Епидемијата на Коронавирусот може да се прошири на околу две-третини од светското население доколку не биде ставена под контрола, предупредува водечкиот епидемиолог на Хонг Конг, професор Габриел Леунг.

Предупредувањето на Леунг доаѓа по оценките на Светската здравствена организација дека појавата на случаи на пациенти заразени со Коронавирус кои никогаш не ја посетиле кина би можело да биде почеток.

Професорот Леунг, прв човек на јавното здравство на универзитетот во Хонг Конг, вели дека најважното прашање сега е да се утврди големината и формата на проблемот.

Повеќето експерти сметаат дека секој заразен ќе го пренесе вирусот на две до пет лица во просек, што би претставувало „стапка од 60 до 80% од светското население.

притисни ентер