Китев: СДСМ е за распуштање на Собранието на 12 февруари и избори на 12 април

„Јас лично би гласал за распуштање на Собранието на 12 февруари, бидејќи политички договор веќе постои кај претседателот на државата и треба да се почитува.“

СДСМ е за распуштање на Собранието на 12 февруари, но ако има простор за дополнителни 5-6 дена работа за да се донесат измените на изборниот законик и законот за јавно обвинителство, може да пролонгира и да се запазат изборните рокови за 12 април, вели пратеникот на СДСМ Бетијан Китев.

– Јас лично би гласал за распуштање на Собранието на 12 февруари, бидејќи политички договор веќе постои кај претседателот на државата и треба да се почитува. Партијата која ме кандидирала исто така нема различен став од овој. Досега наш став е дека треба да се распуштиме на 12 февруари за да имаме непречен изборен процес и за да имаме регуларни и фер избори на 12 април. Дали во меѓувреме ќе се создадат услови заради овие две прашања кои се најактуелни, за дополнително незначајно пролонгирање на распушатњето, тоа не е прашање од таков интерес кое ќе ја влоши политичката ситуација или ќе доведе до дополнителни турбуленции. Доколку е во интерес на сите да ги решиме овие прашања и со Изборниот законик и со Јавното обвинителство и доколку таквата можност е дадена со дополнително 5-6 дена работење за Собранието тогаш би можеле да ги исполниме роковите од Изборниот законик и да почат да течат изборните рокови во тие 52 дена, до 12 април, рече Китев во Собранието на новинарско прашање.

Китев во изјавата дадена по средбата со Томас Бертин шеф за Балканот и Елса Бенакуен Наваро одговорна за Македонија во француското МНР, рече дека на средбата станало збор за новата методологија за проширување која денеска во Брисел ја претстави ЕК. При тоа рече од нивна страна отворено се укажало и се повикувало на тоа политичките партии да најдат заеднички јазик околу законот за ЈО.

– За развојот за новата методологија претставниците на француското МНР можат да ни кажат кое би било излезно решение со кое ние би можеле повторно да ги добиеме симпатиите од одредени земји членки кои сега инсистираат да биде донесен законот за ЈО, но тие не можат да ја преземат улогата на македонските политички партии. На крајот одговорноста е на македонските полиитчки партии и на сите кои учествуваат во овој процес за носењето на закон за ЈО. Одговорноста е на сите, секогаш е поголема кај власта, кај опозицијата е помала, но во овој случај заради тоа што главната кочница доаѓа од опозицијата би било убаво до расушптање на парламентот да се најде тој посакуван заеднички јазик кој би ни ја отворил врата на сите и би го добиле тоа што го очекувавме а не го добивме во октомври, рече Китев.

Изборот на француските дипломати да се сретнат со пратеници од владејачкото мнозинство, вели воопшто не е политички , бидејќи владеачкото мнозинство неколку пати укажало на кој начин може да се дојде до компромис за ова прашање.

-Ние се уште сметаме дека има доволно време, но и можност да се дојде до одтреден компромис кој потоа ќе значи финиширање на она што е започнато претхпдно како процесно дејствија, кое во овој момент не е возможно на ниту еден начин да биде прекинато, рече Китев.

Тој рече дека интензивно се водат разговори и за измените во Изборниот закон се ндевам дека ќе млжат да го усогласат и за тоа прашање, имајќи предвид дека е познат терминот за распуштање на Собранието

-Добро е заради чистиот изборен процес на 12 апил и ова прашање да биде затворено.Мора партиите да се согласат. Експерименти во овој период до 12 февруари со поединечно предлагање не е можно да дадат резултат, вели Китев./МИА

Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“

 Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените.

Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од нив починала како резултат на родово засновано насилство.

„Митинзите се повик за акција на сите нивоа на австралиската влада за да направи повеќе за да се спречи родовото насилство“, рече Албанез.

„Сосема е јасно дека треба да направиме повеќе. Не е доволно само да покажеме емпатија“, нагласи премиерот за телевизијата „Најн Нетворк“ (Nine Network).

Тој додаде дека „фактот што во просек на секои четири дена една жена умира од рацете на нејзиниот партнер е едноставно национална криза“.

Во текот на викендот низ Австралија се одржаа 17 собири, а на протестот во Мелбурн учествуваа околу 15.000 луѓе.

Албанез рече дека во среда ќе организира состанок на лидерите на австралиските држави и територии за да разговараат за координиран одговор од властите. /МИА

Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина бидејќи ја сметаат за политички мотивирана. Да се ​​биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ, изјави Додик за сараевската телевизија „Фејс“.

„Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ РС и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина, рече Додик, а на забелешката на новинарот дека бара Србија да ги поддржи во отцепување, тој одговори дека тоа не е отцепување, туку разделување.

На повтореното прашање дали од Вучиќ на Саборот јасно ќе биде побарано да ја поддржи РС во отцепување, тој рече дека немаат план за отцепување, туку дека сакаат да одат на раздвојување.

„Има ентитетска линија... Раздвојување е да ги преземеме сите функции што ги имаме, да обезбедиме пари во буџетот за сите вработени што работат во Министерството за одбрана, да ги повлечеме војниците, да ги повлечеме луѓето што работат во Централната изборна комисија, да прогласиме дека нема да се спроведуваат одлуките на судот и обвинителството и кој и да е орган на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска“, посочи Додик. /МИА

Австрија домаќин на конференција посветена на системи за автономно оружје

Во Виена денеска почнува дводневна меѓународна конференција за системи за автономно оружје, јави ДПА.

Министерството за надворешни работи испрати покани за конференцијата на тема „Човештвото на крстопат: Автономни системи за оружје и предизвикот на регулативите“ откако експертските разговори под покровителство на Обединетите нации во Женева во последните 10 години не доведоа до разговори на дипломатско ниво.

На форумот се очекува да присуствуваат претставници од околу 130 земји, како и од Обединетите нации, невладини организации и истражувачки институти. Системите за оружје, кои самостојно таргетираат и ангажираат цели користејќи вештачка интелигенција, се во центарот на дискусијата, особено со оглед на конфликтите во Газа и Украина.

На дневен ред се и прашања како што се употребата на технологии за вештачка интелигенција од страна на терористите и опасностите од трка во вооружување со системи за вештачка интелигенција.

Ќе биде подготвен извештај до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за следната седница на Генералното собрание на ОН. /МИА

притисни ентер