Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“

 Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените.

Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од нив починала како резултат на родово засновано насилство.

„Митинзите се повик за акција на сите нивоа на австралиската влада за да направи повеќе за да се спречи родовото насилство“, рече Албанез.

„Сосема е јасно дека треба да направиме повеќе. Не е доволно само да покажеме емпатија“, нагласи премиерот за телевизијата „Најн Нетворк“ (Nine Network).

Тој додаде дека „фактот што во просек на секои четири дена една жена умира од рацете на нејзиниот партнер е едноставно национална криза“.

Во текот на викендот низ Австралија се одржаа 17 собири, а на протестот во Мелбурн учествуваа околу 15.000 луѓе.

Албанез рече дека во среда ќе организира состанок на лидерите на австралиските држави и територии за да разговараат за координиран одговор од властите. /МИА

Маричиќ од Котор: Нема време за губење во успешното спроведување на договорените обврски

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и финансии на Западен Балкан посветен на Планот за Раст. 

Регионалниот состанок му претходи на Лидерскиот самит на западен Балкан кој ќе се одржи утре, 16 мај 2024.

Средбата ја отвори домаќинката на регионалниот состанок, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ истакнувајќи ја важноста на соработката во регионот кој има заедничка визија.

На средбата се обрати Герт Јан Копман - Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување. (ДГ НЕАР), висок претставник на Европската Комисија со што ги нагласи напорите и заложбата на Европската Комисија за реализација на Планот за раст за Западен Балкан.

На средбата се зборуваше за приоритетите за спроведување на рефорсмките агенди на земјите од Западен Балкан со акцент на конкретните чекори кои треба секој од земјите вклучени во Планот да ги превземат.

Во своето обраќање Маричиќ го наведе усогласувањето на приоритетите на државата со приоритетите на Брисел. Ги истакна договорените и усогласени обврски и мерки кои ќе се спроведуваат. Ја истакна важноста на СЕПА - Пристап до единствената област за плаќање во евра, Зелените ленти за унапредување на олеснувањето на трговијата и транспортот, за слободните Вај-фај зони на јавните простори во 500 општини во регионот и за развој на Дигиталните иновативни центри.

Понатаму во обраќањето ги наброја утврдените, следни чекори односно работата на проектите за Академија за единствен пазар со што се осигурува усогласување на националните системи со оние на ЕУ, важноста за прифаќањето на Дигиталниот паричник, како удобен и безбеден метод за граѓаните и бизнисите да го утврдат нивниот идентитет, користејќи ја нивната дигитална лична карта за интеракција и во јавниот и во приватниот сектор.

Вицепремиерот Маричиќ за крај се заблагодари до Европската Комисија, главниот инцијатор на целиот процес Герт Јан Копман, генералниот директор на ГД Неар, на целиот регион на Западен Балкан како и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, вработените во администрацијата кои во соработка со министерството за финансии ги поставија главните приоритети, упорно работеа на реализација на Планот за раст за Западен Балкан.

Европската Унија направи голем исчекор и заложба со иницијативата за Планот за раст за соработка на регионот. Затоа, регионот и сите засегнати страни заедно со Европската Комисија мора да продолжат да работат да ја реализираат иницијативата на регионот.

Регионот го постави Планот за раст во функција за забрзување на членството во ЕУ до 2030 и треба сите заедно да бидеме активни, транспарентни и упорни во успешна реализација на оваа важна иницијатива.- рече Маричиќ.

Состанокот на министрите и вицепремиерите на Западен Балкан го носи насловот „Еден регион, заедничка визија“ и му претходи на утрешниот Лидерски самит на кој ќе учествуваат лидерите на земјите од регионот на Западен Балкан, како и највисоките претставници на Европската Комисија.

На средбата учествуваше и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили.

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум - природни масти што самата кожа ги лачи за да ја одржи виталноста на влакната. 

Така, еден од начините да се избегне мрсна коса, е спреј со морска сол, советува стручњакот Скот Мекглин.

- (Себумот) е неопходен за зајакнување на надворешните слоеви на косата и заштита на деликатните протеини во внатрешноста на косата... Но, ако Ви се чини дека таа изгледа мрсно многу бргу откако ќе ја измиете, тоа може да биде поради начинот на којшто се грижите за Вашата коса, Мекглин.

Следи појаснување на негувањето со морска сол.

- Ја нанесувам, со распрскувачот, на влажна коса и масирам. Потоа ја сушам косата со фен. На овој начин убаво ќе ја обликувате косата и таа нема да изгледа лепливо и мрсно, објаснува тој.

Скот споделува совети за убавина и средување на Инстаграм и Тикток (scottmcglinnofficial) и има 245.000 следачи. /МИА

Словачки медиуми: Атентаторот на Фицо е 71- годишен писател

Атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фицо е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, пишува словачкиот портал SME.

Оваа информација за СМЕ ја потврдил извор од полицијата. Инаку, Цинтула е основач на литературниот клуб Духа и член на Друштвото на словачките писатели, објави Индекс.

Да потсетиме, Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Тој итно бил префрлен во болница со хеликоптер и, според словачките медиуми, неговата состојба е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.

притисни ентер