Ѓоковиќ по осми пат на тронот на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Грен слемот во Мелбурн и се врати на врвот на листата на најдобри тенисери на светот.

Ѓоковиќ во маратонско финале и вистинска драма  од  пет сета со 3-2 по сетови 6:4, 4:6, 2:6, 6:3, 6:4 го скрши отпорот на младиот Доминик Тим и по осми пат во кариерата го освои пехарот од Отвореното првенство на Австралија.

Со денешниот триумф во големото финале на турнирот во Мелбурн Новак Ѓоковиќ повторно се искачи на првото место на АТП листата на најдобрите светски тенисери. Ѓоковиќ го доби првиот сет но потоа следуваше пад во играта и водство од Тим од 2-1 во сетови. Но Ѓоковиќ како Феникс во следните два сета се издигна и го совлада Тим за осми трофеј во Австралија со кој е апсолутен рекордер

За Ѓоковиќ ова е 17 Грен слем трофеј во кариерата, со кој сега е на само три трофеја од неприкосновениот Роџер Федерер.

притисни ентер