Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
1Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
2Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
3Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаКомисијата за европски прашања ги прифати измените на Законот за квалитетот на амбиентниот воздухСобраниската Комисија за европски прашања на денешната седница го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух и го даде на натамошно читање.Министерот за живота средина и просторно планирање Насер Нуредини образложувајќи го Предлог-закон рече дека има детална листа за мерки што се усвојуваат со наредба од Владата по предлог на МЖСПП , МВР, министерствата за економија, за здравство, за труд и социјална политика и за транспорт и врски. Мерките што се однесуваат на бизнис секторот, рече тој, се усвојуваат по консултации и соработка со нив. -Инспекторатите, локалните и државни инспектори за животна средина се овластени да го мониторираат планот за спроведување на овие мерки. Предложените глоби се согласно максималните утврдени глоби согласно Законот за прекршоци за мали микро и средни претпријатија и овие одредби се предвидени согласно новиот Закон за инспекција, рече Нуредини. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илијоски смета дека на Комисија за европски прашања не треба да се дискутира за квалитетот на воздухот. -На Комисија за европски прашања станавме стручњаци и за амбиентен воздух, за областа од медицината, за областа на јавни набавки во Армијата, за намалување на акцизи… Тогаш дајте да ги укинеме сите други комисии. Второ, оваа тема заслужува поголемо внимание од јавноста, рече Илијоски. Тој имаше неколку забалешки во однос на Предлог-законот, односно смета дека треба да се најде начин сите општини да направат планови за справување со мерките кога има загаден воздух и оти Министерството за животна средина треба да најде начин да ги субвенционира тие работи, дали, како што рече тој, со финансиски капитал и да не се остави која бил општина да нема таков план. -Во делот каде се овозможува одредени установи да издаваат наредби за имплементација на краткорочни мерки ми се чини дека е еден чекор напред со тоа што сметам дека треба да се размисли тие наредби да имаат поголема тежина во оние делови за технолошки процеси кои трбеба да бидат опфатени со нркакви мерки за намалување на загадување. Процеси во фабрики, индустриски капацитети.., вели тој. Во однос на казните, Илијоски смета дека треба да се размисли наместо да се намалуваат казните, да се зголемуваат за оние капацитети кои претставуваат опасност за загадување. -Тие што загадуваат да се замислат дали вреди да ризикуваат да продолжат со својата активност што предизвикува загадување, вели тој. Според Илијоски во планот за чист воздух што Владата го донесе треба да се пристапи многу подлабоко и понаучно, да се имаат предвид метеоролошките влианија, условите, локациите на загадувачите, да има континуирано мерење на повеќе локации. Во однос на втората точка, односно за Предлог-законот за енергетска ефикасност беше усвоен амандманот на пратеникот Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ, односно во членот 1, став 7 од законот, каде стои „енергетската ефикасност при пренос, дистрибуција и снабдување" да се додаде и „производство" И вториот амандман што се однесуваше на членот 10, став 3 каде е наведена потреба од изготвување на список на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор со подна површина од над 250 метри квадратни даден е рок 30 дена за изготвување на тој список, каде се бараше да се даде поширок рок, односно рок од 60 дена за изменување на тој спсиок, беше усвоен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЗабаваАна Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи ЕрменијаМакедонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири. Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат. Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПодводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркачПодводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија. Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето. ,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање. Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“ Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата. Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часотСо огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter