Шекил О Нил: Го загубив братот!

Поранешниот соиграч на трагично загинатиот Коби Брајант, Шекил О Нил поради смртта на големиот пријател се огласи на Твитер.

„Коби беше повеќе од спортист, беше семеен човек. Тоа беше нешто што најмногу не поврзуваше. Секогаш ги прегрнував неговите деца исто како тој моите. Неговата Џијана е родена на ист ден како и мојата најмлада ќерка. Не постојат зборови со кој би ја искажал болката што ја имам откога дознав за оваа трагедија. Ја загубив мојата другарка Џијана и мојот брат Коби.Ве сакам. Моето сочувство  за семејството, напиша Шекил на Твитер.

притисни ентер