Червар: Ова е страшен подвиг , одиме до крај (ВИДЕО)

По десет години , хрватските ракометари се изборија за големото ракометно финале.

По драма и две продолженија, Норвешка беше совладана од Хрватска со 29:28. Хрватска победи на еден од најдобрите натпревари во историјата на Европското првенство. Во 16:30 часот во недела тие ќе играат против Шпанија за европското злато.

"Мора да им дадеме шанса на играчите за да издржаме натпревар како овој. Тешко беше, го знаеме тоа, но сè помина добро во одреден момент, головите паѓаа наизменично, игравме добра одбрана ... Ужасна работа, страшен подвиг и резултат. Сметам дека можеме да ја вратиме Хрватска на врвот на светскиот ракомет.

Утре е нов ден, нова желба, нов предизвик. Ние сакаме да одиме до крај. Одмнор? Многу е тешко да се одморат играчите. Тие се уморни, можеше да се види дека Циндриќ не можеше да напаѓа против Норвешка. Ќе се обидеме да ги одновиме силите. Публиката многу ни помага за да добиеме дополнителна сила во тешките моменти.

Шпанија е одличен тим. Тие играат слична одбрана како и ние, силни се, имаат добри погодоци и брза транзиција меѓу Фернандез и Сол. Го прават тоа исклучително ефикасно. Мора да бидеме внимателни. Ги затворивме со одбрана од 6-0 во првиот натпревар затоа што немаа изразен удар, но тие ни направија проблеми со одбраната 5-1 “, рече Червар веднаш по синоќешниот драматичен полуфинален натпревар.


„Само Вистина" со Ненад Јовановиќ и Сашо Тасевски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Ненад Јовановиќ и Сашо Тасевски. 

Било која влада во иднина ќе мора да стигне до истиот договор за добрососедство со Бугарија, сите проблеми мора да се решат со дијалог, рече Јовановиќ. Нема никакво добрососедство, договорот е асимилаторски и е направен на темелите на Санстефанска Бугарија, рече Тасевски.

И комисијата и договорот да се повлечат, нема пријателство ако една страна манифестира сила, а другата само прави отстапки, рече Тасевски. Со блокада и радикализам не одиме напред, само се продлабочуваат разликите, рече Јовановиќ.

Во фудбалските девијации има политичка порака, навивачите се користат за политичко поткусурување, рече Јовановиќ. Уривањето на дивоградбата кај Мавровка е само да се покаже дека има правда, пола Скопје е на септички јами, а збориме за 80 дивоградби на Шара, реплицира Тасевски.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Црна Гора: Од направени 664 тестови 230 се позитивни на Ковид-19

Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна гора изнесува 3.279.

Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани нови 230 случаи на заразени со коронавирус, а починале две лица.

Новозаразените се регистрирани меѓу 664 тестирани примероци на новиот коронавирус.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни изнесува 129, а од почетокот на годината 138, извести црногорскиот Институт за јавно здравје.

Во последните 24 часа е пријавено дека 157 лица се излекувале од вирусот.

Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора моментално изнесува 3.279.

Од почетокот на годината вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот вирус е 8.842.

Полицијата спречи нов инцидент во струмичката болница, почина деветмесечно дете

Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент.

Попладнево околу 16 часот на детското одделение при струмичката болница починало деветмесечно дете од село Банско, а со правовремена интервенција на полицијата е спречен инцидент, откако еден од роднините на детето бурно реагирал обвинувајќи ги лекарите за смртта на детето, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Наќе Гогов.

-Детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало. Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент. Јас ја разбирам тагата на блиските, но никој нема право да реагира како што не треба, рече д-р Гогов.

Инаку, денес претпладне се случи голем инцидент на инфективното одделение во болницата, кога група од дваесетина граѓани украдоа мртовец. Пациентот, откако бил примен во тешка состојба, по дваесет минути починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец. /МИА

притисни ентер