Мицевски: Нашиот став за Законот за одбрана е јасен и непроменет

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска истакна дека нивниот став во однос на членството на НАТО и Законот за одбрана е непроменет и јасен.

– Не можеме да прифатиме обезличување на Армијата на Република Македонија, нешто што никој не го бара од нас. Впрочем поради таа работа ние поднесовме идентичен закон, тој што е отфрлен од страна на власта и во кој што единствена разлика беше непромената на името на Република Македонија, рече Мицевски, како одговор на прес-конференцијата на пратеникот Хари Локвенец од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, потсети тој, ниту го поддржа Преспанскиот договор, ниту ги гласаше уставните измени, па така нема да гласа ниту за промена на името на Армијата. /МИА

По Трамп, Тачи го одликуваше и Гренел

Претседателот на Косово Хашим Тачи вечерва го одликуваше специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Косово и Србија Ричард Гренел, со претседателски медал за заслуги.

Тачи објави на својот Фејсбук наведувајќи дека тоа го направил, затоа што го цени допринесот на Гренел во дијалогот меѓу Косови и Србија, пренесе „Газета Експрес“.

-Тоа што другите не го направија, Гренел го направи брзо и добро. Договорот од Белата куќа ќе донесе мир и стабилност на Косови и регионот, рекол Тачи.

Премиерот на Косово Авдулах Хоти и извршниот директор на Меѓународната развојна финансиска корпорација Адам Болер вечерва потпишаа договор за соработка.

Kosova 🇽🇰 dhe SHBA-ja 🇺🇸 sapo nënshkruan deklaratën e përbashkët, e cila garanton normalizimin e marrëdhënieve ekonomike...

Posted by Hashim Thaçi on Monday, September 21, 2020

ЕУ не воведува санкции за Белорусија

ЕУ може да воведе санкции само доколку нив ги поддржат сите 27 земји членки.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска не успеаја да договорат воведување на санкции поради репресијата во текот на протестите во Белорусија, наспроти молбите на лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја која престојува во Брисел.

Договорот на унијата за мерките против Белорусија го блокираше Кипар, кој е во добри односи со Русија, инсистирајќи на нужноста во истовреме да се воведат санкции за Турција поради посебниот спор околу гасот, јавува „Асошиејтед прес“.

Иако постои јасна волја за воведување на овие санкции, тоа денеска не беше возможно да се стори затоа што не беше постигната потребната согласност, изјави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеф Борел, кој беше домаќин на овие разговори.

ЕУ може да воведе санкции само доколку нив ги поддржат сите 27 земји членки.

Кинеска ексклузива: Продолжена верзија од БМВ Серија 5

БМВ за потребите на кинескиот пазар претстави Серија 5 по подолго меѓуосовинско растојание.

Продолженото БМВ од Серија 5 е целосно во склад со долгогодишната традиција на германскиот премиоум произведувач, но и другите странски автомобилски компании, на купувачите во Кина да им нудат подолги верзии од своите лимузини во однос на стандардните модели кои ги продаваат на останатите светски пазари.

БМВ од Серија 5 за кинескиот пазар има 130мм подолго меѓуосовинско растојание од регуларниот модел кој се продава во Европа.

Тоа значи дека растојанието на осовините на овој автомобил изнесува дури 3.105 мм, со што значително е зголемен просторот меѓу предните и задните седишта.

Што се однесува до погонот на овој модел, БМВ објави дека на кинескиот пазар ќе понуди 535 плаг ин хибридна верзија.

Основниот погонски систем се сочинува од 4 цилиндарски 2.0 турбо-бензин мотор со 292 коњски сили, помогнат од електромотор со за сега непознати спецификации.

Не е познато кои погонски опции БМВ ќе ги продава во Кина, но се очекува тоа да бидат бензинците „525Li“ , „530Li“ и „530i M“.

БМВ Серија пет со продолжено меѓуосовинско растојание ќе има официјална премиера на Саемот за автомобили во Пекинг кој, по априлското одложување заради пандемијата, треба да започне на 26 септември.

притисни ентер