Ердоган ја повика меѓународната заедница во Либија да не ги повтори грешките со Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика меѓународната заедница во Либија да не ги повторува грешките од Сирија.

Како што пренесе агенцијата Анадолија,Ердоган ова го кажал на церемонијата на отворање на новите објекти од турско-германскиот универзитет во Истанбул, на која беше заедно со германската канцеларка Ангела Меркел.

Во пресрет на неговата средба со меркел, турскиот претседател кажа дека темата за Либија, како и другите регионални прашања, ќе бидат ставени на масата за разгледување, паралелно со турско-германските билатерални односи.

Турскиот лидер истакна дека атмосферата на хаос во Либија ќе го засегне целиот средоземноморски басен. Според него, напорите за постигнување мирно решение во Либија треба да бидат забрзани за повторно да не соберат сили терористичките групи, како исламска држава и Ал Каеда.

Фото: Евакуирана Ајфеловата кула

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана, изјавил денес безбедносен извор за „Ројтерс“.

Изворот не потврдил дали евакуацијата следела поради закана од бомба, како што објавија некои медиуми.

„ВИК“ доби државна помош за втор инвестициски циклус во ТИРЗ Прилеп

Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во Технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп.

Договорот за државна помош го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата, Вернер Шоеб, а истиот превидува помош од 2,5 милиони евра за вработување на нови 100 лица.

„Вик Македонија“, која работи во ТИРЗ Прилеп, е германска семејна компанија основана во 50-тите години од минатиот век, која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Во 2018 година со оваа компанија беше потпишан првиот договор за државна помош, а компанијата веќе имаат реализирано инвестиција од 10,5 милиони евра, а во моментов таму работат 250 лица.

Путин: Наскоро втора вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека втората руска вакцина против вирусот корона ќе биде регистрирани во најскоро време.

„Инаку, наскоро ќе биде регистрирани и втора вакцина против вирусот корона“, рекол Путин обраќајќи се пред сенаторите во Советот на Федерацијата.

Рускиот претседател додал дека властите на Русија ги имаат во предвид можните ризици во борба против вирусот корона.

Според зборовите на Путин, рускиот здравствен систем е подготвен ефикасно да се справи со коронавирусот и сезонскиот бран на настинки и грип.

Претходно министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров изјавил дека втората руска вакцина против Ковид-19 ќе биде произведувана од компанијата „Биокад“.

„Спутник“ потсетува дека Русија во август ја регистрираше првата вакцина против коронавирус во светот, која ја разви центарот „Гамелеј“, заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Моментално е во тек финалната фаза на тестирање на вакцината, во која учествуваат голем број на доброволци.

притисни ентер