Глобалната продажба на автомобили опаѓа втора година по ред, слична е прогнозата и за 2020

Аналитичарите прогнозираат дека и 2020 ќе биде тешка година за автомобилската индустрија.

Ширум светот во 2019 година продадени се 90,3 милиони нови автомобили, покажуваат податоците кои ги објави „LMC Automotive“, што е голем пад во однос на 2018 кога се испорачани 94,4 милиони и рекордната 2017 година кога глобалната продажба изнесувала 95,2 милиони возила.

За ваквиот голем пад на продажбана „најзаслужна“ е Кина, каде заради забавување на економскиот раст се забележани дури 2,3 милиони новорегистрирани автомобили помалку отколку година дена порано.

Повикувајќи се на прогнозите кои ги објави „LMC Automotive“,„CNN“ наведува дека глобалната продажба на нови автомобили би можела да падне и под 90 милиони возила.

Криситијано Роналдо ги разнежни фановите на Инстаграм со фотографија со неговите деца

Кристијано Ронално секој слободен момент го поминува со своето семејство.

Тој своите фанови ги разнежни откако објави на својот Инстаграм заедничка фотографија со децата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Funny moment with my babies 😀❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

-Смешен момент со моите бебиња, напиша тој во описот на фотографијата.

Потсетуваме, тој ја има ќерката Алана Мартина со манекенката Георгина и уште три дева кои му ги родила сурогат мајка.

Почина најстариот маж на светот

Најстариот човек во Јапонија, кој исто така беше признат како најстар маж на светот, почина на 112-годишна возраст, објавија локалните медиуми .

Читсу Ватнабе, жител на централниот јапонски град Џетсу, почина во неделата, објави Кјодо њуз.

Роден на 5 март 1907 година, Ватанабе живеел во дом за стари лица. Гинисовиот рекорд  на 12 февруари го признаа како најстар човек на светот.

Откако завршил земјоделско училиште, Ватнабе се преселил во Тајван, каде работел во јапонска компанија за шеќер. По тоа, бил во јапонската армија за време на Втората светска војна.

По војната, тој се вратил во родниот град Нигата и работел како службеник до неговото пензионирање.

Зад себе остави пет деца, 12 внуци, 16 правнуци и еден пра правнук.

Најстарата личност на светот Кејн Танака живее во Јапонија. Таа го прослави својот 117-ти роденден во јануари.

Американска компанија тврди дека има вакцина против коронавирус

Американската  компанија Moderna Inc. ја достави својата прва серија вакцини против коронавирус до надлежните американски здравствени агенции за да може да се започнат првите тестови на луѓе.

Moderna Inc. вчера објави дека испратила примероци од вакцини до Националниот институт за алергии и заразни болести (НИАИД) и дека очекува првите клинички испитувања да започнат кон крајот на април. Прелиминарните резултати би можеле да бидат достапни во јули или август, според „Волстрит журнал“.

Компанијата ја користела технологија mRNA (месинџер РНК), што е прилично ветувачки затоа што вакцините за mRNA се хипотетички побрзи и поефикасни од оние што се засноваат на ДНК.

Причината е што вакцините засновани врз ДНК треба да комуницираат со клеточното јадро, додека mRNA се наоѓа низ целата клетка и затоа е многу подостапна.

Од друга страна, Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека се надева на лек против ебола , кој се покажа ефикасен во намалувањето на симптомите на СОВИД-19.

Таа додаде дека клиничките испитувања врз луѓето веќе биле во тек и дека резултатите би можеле да бидат познати за неколку недели.

притисни ентер