ВМРО-ДПМНЕ: Расте очајот, нервозата и паниката во редовите на СДСМ

Од ден на ден се повеќе и повеќе расте очајот, нервозата и паниката во редовите на СДСМ.

Исплашени од денот кога катастрофално ќе загубат на предвремените парламентарни избори и кога оваа расипничка и криминална власт конечно ќе замине во опозиција, СДСМ и нивната Влада не бираат начини и средства како да се одржат на власт.

Смешни се обвинувањата кои СДСМ очајнички се обидува да ги пласира во јавноста, за да ја испере својата одговорност за недомаќинското работење на своите градоначалници, функкционери и директори на јавни претпријатија во Република Македонија.

Имено, крајно несериозно и неодговорно е тоа што во очи на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12-ти април, СДСМ инсистира и брза во Собранието на Република Македонија да го изгласа Предлог - законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, со кој има намера повторно да им ги прости долговите и штетите од грабежот и расипничкото трошење на народни пари на своите градоначалници и локални директори на јавните претпријатија ширум републиката, а на штета на граганите.

Само за потсетување, пред извесен период токму со Законот за финансиска поддршка на Единиците на локална самоуправа и единките корисници основани од ЕЛС за финансирање на доспеани а неплатени обврски на 15.11.2018 година, на 81 општина и Град Скопје кои до тој момент пријавиле неподмирени долгови им беа доделени околу 49 милиони евра, најчесто долгови кон доверители кои доаѓаа од приватниот сектор.

И покрај ваквата финансиска помош на општините во 2018 година од страна на централната власт, вкупниот износ на обврски од страна на сите општини наместо да се намалува, тој продолжува да расте, па така во четвртиот квартал од 2019 година, овие обврски на општините пораснале за дополнителни 25% односно за околу 12,5 милиони евра. Интересен и поразителен е фактот што и покрај помошта од државата, сепак долговите кај 35 општини пораснале, со што кај 16 општини на крајот на 2019 година долговите пораснале за фрапантни од 200% до 470%, односно обврските на овие 16 општини пораснале до приближно 6 пати.

Тоа е доволен и класичен доказ дека СДСМ и нивните градоначалници се крајно неспособни, криминогени и неодговорни.

Сега СДСМ, во овој предизборен период, повторно сака и се обидува уште еднаш да ги покрие и затскрие своите неспособни градоначалници и директори на јавни претпријатија така што со парите на граѓаните ќе ги покрие луксузирањата, расфрлањата и долговите направени од страна на нивните функционери. Дополнително, во овој предизборен период, со ваквиот отпис на долговите, СДСМ сака да им ги одложи обврските на јавните претпријатија и подготвува терен преку своите градоначалници и директори да врши манипулации, поткуп, тргување и купување на гласачи, знаејќи дека му претстои тежок изборен пораз на 12-ти април.

Очигледно е дека СДСМ секогаш го бира најлесниот, недомаќинскиот и криминалниот начин за привидно и вештачко решавање на штетите од своето владеење.

Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволиме оваа кражба на народни пари бидејќи граѓаните не се должни и нема да ја плаќаат неспособноста и расипништвото на оваа власт, која неконтролирано троши и се расфрла со народните пари.

Токму затоа, поради ваквото крајно расипничко и криминално расфрлање и трошење на народните пари, СДСМ ќе ја добие пораката од граѓаните која на 12-ти април заслужено ќе го испрати во опозиција и конечно правото и правната држава ќе профункционира и за сите оние кои се огрешиле пред законите, одговорност ќе има.

Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер