Гао Фу, директор на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести и член на Кинеската академија на науките, им рече на новинарите дека вирусот се сомнева дека потекнува од пазар во централниот дел на градот Вухан, каде што мутирал и станал пренослив од човек на човек.
„Од досега достапните информации, изворот на вирусот е диво животно кое се продава на пазарите за морска храна“, рече Гао.
„Вирусот од животинскиот свет постепено мутира“, изјави тој.
Официјален Пекинг во средата објави дека 440 пациенти се носители на вирусот, се идентификувани досега во 13 кинески провинции.
Вирусот се шири во источноазискиот регион, а еден случај е откриен вчера во САД и е американски државјанин, кој бил во посета на Вухан.
Макао го потврди и својот прв случај на инфекција, а инфекции биле дијагностицирани и во Тајван, Филипини, Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја.
Северна Кореја привремено ги затвори границите за сите странски туристи како одговор на епидемијата, според туристичката агенција која работи во таа изолирана комунистичка земја.
Досега се покажа дека сите пациенти кои носат вирус надвор од кинеските граници отпатувале од Вухан.
Новиот коронавирус припаѓа на истото семејство на вируси кои го предизвикаа сериозниот акутен респираторен синдром (САРС), болест во која загинаа 800 луѓе во пандемијата во 2002-2003, а потекнува од Кина.
Коронавирусот САРС се верува дека го пренесувале цибетки, диви животни кои во Кина многумина го сметаат за деликатес.
Властите не објавија за кое животно се сомневаат дека е носител на новиот коронавирус кој се шири од Вухан.
Стравувањата од ширење на болеста се зголемуваат како што се приближува лунарната Нова година, кој паѓа во сабота и кога Кинезите традиционално патуваат дома, кај роднини и слично.
Маските денеска се скоро распродадени во поголемите кинески градови, бидејќи кинеските власти на почетокот на оваа недела објавија дека коронавирусот се пренесува од човек на човек.
Властите ги повикаа Кинезите да го избегнат патувањето во Вухан, град со околу 11 милиони луѓе. Самиот град Вухан вчера воведе патни ограничувања и постави инфрацрвени термометри на аеродромите, железничките и автобуските станици и врши дневна дезинфекција на транспортните возила.