О2 Иницијатива со апел до пратениците во Собрание да ја изгласаат забраната за увоз на отпад што се согорува

На денешната седница во Собрание под точка 19 на дневниот ред е Предлог-измената на Законот за управување со отпад, по скратена постапка. 

Со измената нема да се дозволи увоз на отпад кој може да се користи како извор на енергија, односно да се согорува. Ова е воедно и едно од барањата на Зелен Фронт.

Главниот корисник на увезен отпад кој се согорува е цементара Усје, но тука е и Фени, како големи индустрии кои легално го користат.

При согорување на отпад се ослободуваат канцерогени, мутагени, токсични диоксини, фурани, PCBs, хлороводороди, тешки метали како жива, кадмиум, талиум, олово, арсен, хром… Научните истражувања потврдуваат дека луѓето кои живеат во близина на места каде се согорува отпад имаат зголемена смртност од канцер.

Последните случувања во Бугарија само ја потврдија основата зошто бараме забрана за увоз на отпад како извор на енергија. Организирани криминални структури вршат трговија со отпад каде се фалсификуваат податоци, лабораториски вредности, тоа што е декларирано не соодветсвува со тоа што е внатре во спакуваните бали, има измешано опасен отпад, медицински отпад, отпадот се остава на несоодветни места, итн. Италијанската мафија оперира во Балканските земји со трговијата со отпад. Сите истраги и запленувања на отпад се случуваат во ЕУ членки, што само укажува на големината на проблемот и ранливоста на нашата држава со немање на соодветна контрола на царина, соодветни инспекциски служби, лаборатории, судски постапки со кои би се заштитила.

Аргументите дека треба да им веруваме на индустриите кои презентираат нивни мерења на емисии на загадувачки супстанции, ги побива примерот со случајот во Словенија, повторно ЕУ членка, каде после 10 годишна борба се затворила цементарата во Трбовље, која како гориво користела меѓу другото и петрол кокс и отпад, исто како и нашата цементара. Цементарата во Трбовље ги штелувала вредностите на емисиите, дури и ги бришела, кога биле повисоки од дозволеното. Регионот Засавје во Словенија, каде е цементарата, има највисока стапка на заболени од канцер. Активистот за долгогодишната броба ја добил Голдмановата награда за животна средина за неговата заложба на организирање на локалното население во одбарана на човековото право да дише чист воздух.

Усје од континуирани мерења со автоматски мониторинг систем на 11 испустни места дава податоци за јавност од само две мерни места и тоа среднодневни вредности, кои немаме прилика да ги провериме реално онлајн. Усје има обврска да врши мерења на одредено место на надворешниот воздух, но и тие податоци не ги објавува. Кога би се објавиле сите податоци и во реално време онлајн би оделе мерењата од 11те автоматски станици, би се видело дали, колку и кога има зголемени испуштања на загадувачки супстанции во воздухот.

Усје како гориво користи фосилни горива (јаглен, нафтени шкрилци, лигнит, петрол кокс, антрацит, мазут, гас), но и „алтернативни горива", односно отпад. Според дозволата може да користи отпад од разни индустрии, како текстилната, искористени возила, разен отпад, запалив отпад, пластика, пакувања, мил од миење и чистење, дрвен отпад, отпад од преработка на дрво и производство на панели и мебел, отпад од преработка и производство на хартија, пулпа, механички обработен отпад, итн. Дозволено ѝ е да гори 25.000-35.000 тони отпад годишно како „алтернативно гориво", 25-35% од вкупната количина на гориво. При тоа, потребно е да ги мери само еднаш до два пати годишно, завсино дали гори отпад помалку или повеќе од 6 месеци во годината, количините на ослободени токсични и канцерогени диоксини и фурани, тешки метали како кадмиум, талиум, жива, антимон, олово, хорм, кобалт, бакар, манган, никел, ванадиум, хлороводород, флуороводород.

Научно е утврдено дека методот на мерење еднаш до два пати во годината, воопшто не ја дава точната слика за количината на ослободени диоксини и фурани, на тешки метали. Потребен е автоматски континуиран мониторинг на диоксините и фураните за да се види реалната слика на ослободените емисии во воздухот.

Ниту имаме контрола на отпадот кој го увезуваме, не знаеме што точно ни влегува во земјата, ниту пак знаеме што и во која количина се ослободува при негово согорување.

Во Италија помеѓу јануари 2017 и мај 2018 извршени се 54 истраги за организирана илегална трговија со отпад, каде нашле дека повеќе од 4.5 милиони тони на токсични супстанции не биле соодветно декларирани како опасен отпад. Ова е профитабилен бизнис за италијанската мафија. Се наведува дека наместо да платат 60.000 евра за легално одлагање на еден контејнер од 15.000 тони на опасен отпад, тие за само 5.000 евра го одлагаат нелегално во Источна Европа или Азија. Во најголем дел од Европа, брокерите им плаќаат на цементните фабрики стотици евра по тон на отпад кој потоа се согорува, но цементните фабрики во Романија и другите земји во Балканот го прават тоа по многу пониски цени, за само 10 до 50 евра по тон.

Од сиве наведени причини, каде нашето здравје мора да биде пред сè, апелираме до пратениците кои се нашиот глас, гласот на народот во Собрание да ја изгласаата предлог-измената на Законот за управување со отпад со кој ќе се забрани увозот на отпад кој се согорува во нашата земја.

О2 Иницијатива

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер