Полскиот претседател нема да присуствува на 75. годишнината од Аушвиц во Ерусалим

На комеморацијата по повод 75-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц во Ерусалим оваа недела ќе присуствуваат 41 шефови на држави, а настанот ќе биде проследен со дискусија за антисемитизмот во нашето време.

Собирот во четврток во Меморијалниот институт „Јад Вашем“, чиј домаќин е израелскиот претседател Реувен Ривлин, е „најголем политички настан“ од основањето на Израел во 1948 година, изјави портпаролот Лиор Хаиат на брифингот во Ерусалим.

Невидениот број учесници на комеморацијата ја одразуваат „важноста да се сеќаваме на холокаустот и да се бориме против антисемитизмот денес“, рече тој.

„Не очекувавме толку многу државници” , изјави за Франс Прес руско-израелскиот милијардер Моше Кантор, претседател на Европскиот еврејски совет и организатор на 5-тиот светски форум.

„Антисемитизмот е светски проблем. Тоа не е само проблем на Израел“, кратко рече Хаиат.

Високиот дипломат, кој посака да биде неименуван, рече дека со поканата до рускиот претседател Владимир Путин на комеморацијата, Израел сака да ја признае улогата што Црвената армија ја одиграла во победата врз нацистичка Германија и во ослободувањето на концентрационите логори во Источна Европа, вклучително и Аушвиц.

Во Ерусалим пристигнуваат и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, францускиот Емануел Макрон, британскиот принц Чарлс и американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Рускиот претседател треба да открие споменик во Ерусалим во чест на жртвите од нацистичката опсада на Ленинград, во кој загинаа 800.000 од 1941 до 1944 година.

Путин и Макрон, принцот Чарлс од Британија, треба да го посетат окупираниот Западен Брег и да разговараат таму, одделно, со претседателот на палестинската власт Махмуд Абас.

Анджеј Дуда, претседателот на Полска, на чијашто територија се наоѓал логорот Аушвиц, нема да присуствува на комеморацијата, затоа што Дуда не бил поканет да одржи говор во чест на милионите Евреи убиени за време на Втората светска војна.

Сето тоа се одвива во период на напнатост меѓу Путин, кој неодамна ја обвини Полска за судир со Хитлер и антисемитизам во пресрет на Втората светска војна.

Минатиот септември, Европскиот парламент усвои резолуција во која ги повикува членките на ЕУ јасно да ги осудат злосторствата и агресијата извршени од тоталитаристичкиот нацистички и комунистички систем, особено застапувана од пратеници од Полска и од Источна Европа. Во документот се наведува и дека војната е резултат на договорот за агресија меѓу Москва и Берлин потпишан во 1939 година од министрите за надворешни работи Молотов и Рибентроп.

Спорот за историјата меѓу Варшава и Москва ескалираше минатиот месец. Путин зборуваше најмалку пет пати во декември на клучни состаноци, од кои некои немаа никаква врска со историјата или надворешната политика, за Втората светска војна, пренесува BBC.

Рускиот лидер тврди дека Полска и нејзините сојузници ја нарушуваат историјата, а на маратонската прес-конференција на 19 декември, тој рече дека е „целосно неприфатливо и неточно“ да се обвини Jозеф Сталин за војната на Адолф Хитлер.

Кон крајот на декември, полскиот премиер Матеуш Моравиески го обвини Путин за употреба на Втората светска војна за да ги засени меѓународните порази на Русија, како што е неодамнешната забрана за допинг на руските спортисти.

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп

Пет клучни донатори инвестирале повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Доналд Трамп.

Тимоти Мелон, наследник на банкарското семејство Мелон, од 2022 година инвестираше најмалку 16,5 милиони долари во организацијата „Мага“ блиска до Трамп. Тој исто така има инвестирано најмалку 20 милиони долари во организацијата за време на претседателските избори во САД во 2020 година.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

Брачниот пар Исак и Лара Перлмутер во актуелната кампања на Трамп инвестирале повеќе од 10 милиони долари, а во 2020 година во неговата кандидатура вложиле 21 милион долари.

Трета на листата е претприемачката Линда Мекмахон, која донираше повеќе од 10 милиони долари на Трамп овој изборен циклус, а во 2019 и 2020 година инвестираше повеќе од 15 милиони долари.

Успешниот хотелиер Роберт Бигелоу во овој изборен циклус вложил девет милиони долари во организацијата „Мага“, а вети дека ќе вложи вкупно 20 милиони долари.

Додека Патриша Дуган во сегашната кандидатура на Трамп инвестираше повеќе од пет милиони долари, а претходно таа и нејзиниот поранешен сопруг Роберт веќе инвестираа во кампањата на Трамп во 2020 година. /МИА

притисни ентер