Видео: Успешно полета роботот птица со вистински пердуви

Научници креираа робот со име „PigeonBot“, кој е составен од 40 вистински пердуви и неколку други компоненти.

Додека авионите маневрираат така што ја менуваат позицијата на крилните елементи, птиците тоа го прават со менување на обликот на крилото во зависност од тоа на кој начин летаат.

Токму на тој начин се зголемува ефикасноста на крилјата, па научниците посакаа тие елементи да ги вметнат во летачка машина.

„PigeonBot“ успешно полета и успешно се спушти, што е огромен чекор за еволуцијата на летачките објекти.

Овој летачки робот би тебало да им послужи како инспирација на оние кои конструираат летала но и на оние кои ги проучуваат птиците.

Италија: За шверцување на дрога обвинителството осомничи 237 лица, меѓу нив 117 Албанци

Италијанското обвинителство во истрага против голема мрежа на шверцери осомничи 237 лица шверцери на дрога од десет држави. 117 од осомничените се Албанци.

Преку таканаречената „Операција Крабурн“, италијанската полиција открила мрежа на шверцери на дрога.

Тие Во Италија ја доставувале дрогата од Турција, Македонија, Албанија, Хрватска, Германија, Белгија, Франција и Шпанија.

Според италијанските власти, лидери на оваа организација се Франческо Абрузезе, Масимо Албанезе и Албанците Алфред и Едмонд Беќири, Хдуе Сокољи и Арбен Вељико.

Фото: Јелена Карлеуша во провокативен фустан на роденденот на Наташа Беквалац

Јелена Карлеуша го почитувала кодексот на облекување па дошла облечена во бела боја.

Пејачката Наташа Беквалац синоќа го прослави својот 40ти роденден на својот имот, каде освен нејзиното семејство и пријателите, на нејзината веселба присуствуваа и колегите од естрадата.

Јелена Карлеуша и беше гостинка на Наташа, а на роденденот пристигна во многу провокативно изјадание.

Јелена Карлеуша го почитувала кодексот на облекување па дошла облечена во бела боја. Поточно во фустан кој привлекува многу внимание.

Британија: И понатаму повеќе од 6.000 заразени на дневно ниво

Во Велика Британија се забележани 6.042 нови случаи на Ковид-19, од чии последици починале 34 лица.

Во Велика Британија од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразиле 429.277 луѓе, додека од последиците на заразата до сега починале 41.971 пациент, пишува „Гардијан“.

Во петок во Велика Британија е пријавен нов рекорден број на заразени во еден ден- 6.874, додека претходниот рекорд е забележан во четврток, кога коронавирус е потврден кај 6.643 лица.

притисни ентер