Грција за првпат ќе добие претседателка

Грција следната  недела ќе ја добие првата претседателка во својата историја откако премиерот Kирјакос Mицотакис предложи прогресивна судијка Сакеларопулу да дојде на оваа функција.

„Дојде време Грција да се отвори кон иднината“, кажа Мицотакис во неочекувано телевизиско обраќање.

Неговиот предлог ги изненади, но доби поддршка од опозициските партии...  Сириза на бившиот премиер Ципрас соопшти дека ќе гласа „За“, исто како и партијата Кинал, со што таа би добила поддршка од најмалку 266 пратеници.

62-годишната Катерина Сакеларопулу, која е родена во Солун, сега е претседателка на Државниот совет, највисокиот суд во Грција.

 Таа ќе го наследи Прокопис Павлопулос, чиј мандат истекува во март.

притисни ентер