Одбележан „Денот без панталони“

Илјадници полуголи патници низ повеќе светски метрополи влегоа во подземните железници само по долна облека за да го одбележат „Денот без пантолони“.

Овој ден почна да се одбележува од 2002 година во Њујорк, а десет години подоцна ова движење се прошири во Германија, Чешка и Велика Британија.

Идејата на „Денот без пантолони“ е едноставна: Патниците кои се качуваат на различни станици мора да се однесуваат како да не се познаваат меѓу себе. Во изминатите години најмасовно беше во Њујорк, каде секоја година се проценува дека учествуваат околу пет илјади луѓе.

Нивес Целзиус ги почести фановите со нова провокативна фотографија

Атрактивната Нивес Целзиус ги почести своите фанови на Инстаграм со нова фотографија.

Згодната хрватска пеачка позираше во автомобил во црн комбинизон и мрежести чорапи гледајќи провокативно кон камерата.

Фановите просторот за коментари го исполнија со бројни комплименти.

„Тебе и само тебе“,„Еве жена каква што сакам“, се само дел од коментарите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Koga vi gledate #celsiuspogledom ? 🔥

A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius) on

Фолксваген: Во некој момент веројатно ќе ја престигнеме Тесла

Германскиот автомобилски произведувач е уверен дека може да се држи во чекор со американската фирма Тесла.

Херберт Дис, првиот човек на Фолксваген групацијата , му прати порака на Илон Маск преку „Automotive News“ сајтот.

„Ја напаѓаме Тесла. Во некој момент во иднина, ние ќе ги престигнеме“, рекол Дис алудирајќи на нивниот агресивен напад на пазарот на електрични автомобили.

Фолксваген има ресурси да и парира на Тесла во иднина.

Дис со право е оптимист, но неговата фирма некако и понатаму каска зад Тесла иако одреден напредок е видлив и навистина постои шанса да им се приближат во иднина.

Овие наводи стигнале по објавувањето на плановите на Тесла да отворат голема фабрика во Германија, а Тесла веднаш зад Тојота по вредност во светот на автомобилизмот.

Улиците на Хјустон ќе бидат чувани од роботска полиција

Причината поради која полцијата се одлучила на овој интересен потег е зголемената потреба за безбедност на улиците на градот,но без растегнување на полициските ресурси.

Роботите, софтверот и автоматизацијата ќе ги заменат луѓето за голем број работи- од оние во фабриките па до канцелариски, доставувачки и други видови професии и се чини дека луѓето се потешко ќе можат им конкурираат на машините кои е поефикасни и ценовно поприфатливи.

Меѓутоа, роботите делумно ќе го заменат и човечкото обезбедување па дури и во полицијата, што во некои случаеви веќе се практикува па наместо луѓе по паркиралишта, трговски центри и паркови патролираат роботи.

Како и луѓето и таквите роботи не секогаш се покажуваат успешни во својата работа. На пример кога една девојка му пријавила насилство на патролниот робот мислејќи дека тој ќе пријави во полиција а наместо тоа тој само и рекол да се тргне од патот, друг робот додека патролирал низ трговски центар завршил во фонтана. Забележани се случаеви на напади на роботи и навредување, дури и од страна на деца.

Прилика за докажување роботите сега ќе добијат и во Хјустон, каде што започнува пилот проект во кој роботи во текот на годината ќе патролираат на неколку места во градот. Доколку тестот се покаже за успешен, во иднина полициските роботи би можеле да патролираат на поголем број подрачја.

Причината поради која полицијата се одлучила на овој интересен потег за вработување роботи е  зголемената потреба за безбедност на градските улици но без растегнување на полициските ресурси.

Во парковите и на паркиралиштата ќе се користи моделот „К5“ кој може да се движи со брзина од околу 5 км/ч додека на железничките станици ќе биде поставен статичен робот, за да не може да падне на шините и да го попречи железничкиот сообраќај. Роботите ќе имаат камери преку кои полицијата ќе може да ја следи ситуацијата, а ќе може и а комуницира со луѓето.

Не се согласуваат сите со таквиот начин на надзор и обезбедување па дел од луѓето сметаат дека роботите, освен што окупираат јавен простор, ја нарушуваат и нивната приватност затоа што снимаат, заради што минувачите често ги заобиколуваат.

притисни ентер