Фото: Уапсен „Малчанскиот берберин“

Нинослав Јовановиќ, познат како „Малчанскиот берберин“ е уапсен дене во полициска акција на подрачјето Малча, пренесоа српските медиуми.

Според неофицијалните извештаи, уапсен е на гробишта во своето родно село Малча. Во текот на денов, медиумите јавуваа дека еден мештанин го видел Нинослав во селото Малча.

Нинослав Јовановиќ е уапсен, потврдено е за „Танјуг“ од Вишото јавно обвинителство во Ниш.

Портпаролот на тоа обвинителство Борислав Радовиќ за „Танјуг“ прецизирал дека Јовановиќ ќе биде задржан 48 часа во кој рок ќе биде приведен на сослушување во Обвинителството.

Потрагата за Јовановиќ траеше од 20. декември, кога ја киднапираше и силуваше, малолетната Моника Каримановиќ од селото Суви дол.

Јовановиќ и претходно бил осудуван за силување.

притисни ентер