Од сега и за Месинџер ќе биде потребен Фејсбук налог

Фејсбук ги користи празничните одмори за да ги промени условите за пријавување на Месинџер налог.

Сега е задолжително, покрај налог на Месинџер да имате и Фесбук налог.

Промената помина тивко, но е потврдено дека за ново пријавување на Месинџер е потребен Фејсбук налог.

„Доколку сте нов корисник на апликацијата Месинџер ќе приметите дека ви е потребен Фејсбук налог за допишување со пријателите. Увидовме дека повеќето луѓе кои користат Месинџер, веќе имаат и Фејсбук, па сакаме да го поедноставиме процесот. Ако веќе користите Месинџер без Фесбук налог, нема потреба ништо да менувате“, велат од компанијата,

Оние кои Месинџер го користеле претходно без Фејсбук налог, тоа можат да го прават и во иднина. Меѓутоа новите корисници, немаат избор.

притисни ентер