„Мал Шенген“ во Тирана - Заев, Вучиќ и Рама договорија нови мерки за соработка

Нови мерки и проекти за продлабочување на регионалната  соработката, договорија во Тирана лидерите од Западен Балкан на третата средба од иницијативата Мал Шенген.

Соработка на дирекциите за заштита и спасување на секоја од земјите од Западен Балкан за што во февруари во Белград, ќе биде потпишан документот Протокол од Драч, како и унифицирање на процедурите за издавање работни дозволи. Ова е една од новите мерки која произлезе од иницијативата Мал Шенген. По Нови Сад и Охрид, средбата денеска се одржа во Тирана. Премиерот Зоран Заев на заедничка маса седна со премиерот на Албанија Еди Рама и и претседателите на Црна Гора и Србија, Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ. Заев порача дека на почетокот на следната година ќе се унифицираат процедурите за издавање работни дозволи, а запрашан околу поддршката на ЕУ и САД рече дека тоа би значело забрзано интегрирање во Унијата.

Лидерите на земјите учеснички го реафирмираа ставот дека иницијативата има за цел да ја забрза соработката за да се олесни и забрза процесот на европска интеграција.

Секоја земја во овој процес има прогресивна придобивка и во наредната година ќе имаме 1,2 милијарди евра за да ги реализираме договорите. Овие фондови не се кредити, туку се грантови.

Ѓукановиќ и Вучиќ очекуваат продлабочување на соработката помеѓу земјите од регионот.

Силно веруваме дека регионалните иницијативи се одлична прилика да ја обновиме и унапредиме довербата меѓу земјите во регионот, и на основа на таа доверба да оствариме соработка која ќе допринесе за развој на секоја од нашите земји и развој на регионот во целина.

Ние ќе се обидеме да формираме единствен пазар на труд, затоа што тоа ќе значи убедливо, поголемо и позначајно привлекување на инвеститори од надвор. Тоа значи кога Срби или Македонци ќе сакаат да работат во Албанија ќе имаме ист систем за да може само да се евидентираат.

Тие утринава го посетија Драч. Македонија беше една од земјите што веднаш упати стручни екипи за прва помош и спасување кои, со специјализирана техничка опрема и кучиња трагачи, спроведоа акции за извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.

Во Торонто промоција на книги на Крисанта Јанкула од Мала Преспа

 Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила голем интерес и внимание од македонската заедница во Торонто.

- Не можам да го опишам големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции, рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

- Во мојата работа, голема помош имав и од моите ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик, била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директор.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

притисни ентер