Македонија„Мал Шенген“ во Тирана - Заев, Вучиќ и Рама договорија нови мерки за соработкаНови мерки и проекти за продлабочување на регионалната соработката, договорија во Тирана лидерите од Западен Балкан на третата средба од иницијативата Мал Шенген.Соработка на дирекциите за заштита и спасување на секоја од земјите од Западен Балкан за што во февруари во Белград, ќе биде потпишан документот Протокол од Драч, како и унифицирање на процедурите за издавање работни дозволи. Ова е една од новите мерки која произлезе од иницијативата Мал Шенген. По Нови Сад и Охрид, средбата денеска се одржа во Тирана. Премиерот Зоран Заев на заедничка маса седна со премиерот на Албанија Еди Рама и и претседателите на Црна Гора и Србија, Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ. Заев порача дека на почетокот на следната година ќе се унифицираат процедурите за издавање работни дозволи, а запрашан околу поддршката на ЕУ и САД рече дека тоа би значело забрзано интегрирање во Унијата. Лидерите на земјите учеснички го реафирмираа ставот дека иницијативата има за цел да ја забрза соработката за да се олесни и забрза процесот на европска интеграција. Секоја земја во овој процес има прогресивна придобивка и во наредната година ќе имаме 1,2 милијарди евра за да ги реализираме договорите. Овие фондови не се кредити, туку се грантови. Ѓукановиќ и Вучиќ очекуваат продлабочување на соработката помеѓу земјите од регионот. Силно веруваме дека регионалните иницијативи се одлична прилика да ја обновиме и унапредиме довербата меѓу земјите во регионот, и на основа на таа доверба да оствариме соработка која ќе допринесе за развој на секоја од нашите земји и развој на регионот во целина. Ние ќе се обидеме да формираме единствен пазар на труд, затоа што тоа ќе значи убедливо, поголемо и позначајно привлекување на инвеститори од надвор. Тоа значи кога Срби или Македонци ќе сакаат да работат во Албанија ќе имаме ист систем за да може само да се евидентираат. Тие утринава го посетија Драч. Македонија беше една од земјите што веднаш упати стручни екипи за прва помош и спасување кои, со специјализирана техничка опрема и кучиња трагачи, спроведоа акции за извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКевин Костнер „уловен“ со 31 години помлада девојка Нова романса на повидок, холивудски актер виден со жена помлада од него за 31 годинаХоливудската ѕвезда, актерот Кевин Костнер поттикна гласини за романса откако е фотографиран со 40-годишната Џенифер Милбурн. 71 годишниот Кевин Костнер предизвика нови гласини за романса откако беше фотографиран со Џенифер Милбурн (40), животен тренер од Колорадо. Ѕвездата на филмот „Танц со волците“ е фотографиран со Милбурн во Санта Барбара, Калифорнија, а според „Дејли мејл“, тие изгледале многу блиски. Костнер и Милбурн биле забележани и во локалниот супермаркет „Албертсонс“, каде што, според очевидци, купувале житарици, сок од грејпфрут, стекови и зеленчук. Милбурн потекнува од Аспен, Колорадо, каде што Костнер го поседува пространиот ранч „Данбар“. Кога новинарите стапиле во контакт со неа и ја прашале дали е во врска со актерот, таа наводно го прекинала разговорот. По разводот од Кристин Баумгартнер во 2023 година – по 18 години брак – актерот постојано се поврзуваше со други жени. Во 2024 година се појавија гласини дека е во врска со Џенифер Лопез, откако двајцата беа забележани заедно во продавницата „Кемо Сабе“ (Kemo Sabe) во Аспен; сепак, се покажа дека нивната средба немала романтичен карактер. Подоцна, во 2025 година, Костнер беше поврзуван со Кели Нунан Горс, поранешната сопруга на милијардерот Алек Горс. Во тоа време, извор изјави за „Ас викли“ (Us Weekly) дека тие уживаат во приватна и неформална врска.Тагови: Кевин Костнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМоќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клуботФудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите. Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред. Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид. Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар. Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг. Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје или див запад? (ВИДЕО)Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема. На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди. Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај. Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook