МакедонијаНа повидок нов дипломатски скандал: Ја „заглави“ државата, па оди амбасадорка во Ватикан!?Дали е на повидок нов дипломатски скандал?Според информациите на Канал 5, МНР за амбасадорка во Ватикан предлага поранешна советничка во амбасадата во Италија, за која постојат индиции дека е директно одговорна за судскиот спор и штета околу 250.000 евра, поради која сметките на амбасадата се блокирани десетина години. Причина за блокадата е тужба покрената во 2004 година од поранешна секретарка во амбасадата која била ангажирана како локален работник, со договор на дело, а потоа избркана од работа. Италијанскиот суд досудил дека за ова Република Македонија треба да плати околу 250.000 евра, но тоа не се случило, па сметката била блокирана во 2009 година, со правосилна пресуда. Во тоа време во амбасадата како министер-советник работела и сега предложената амабсадорка, но каква е точно нејзината улога во скандалот од МНР не соопштуваат..Се повикуваат на праксата да не се коментираат предлозите за назначувањата, додека не заврши постапката.. Инаку, според информациите, таа е предложена како дел од професионалните дипломати во МНР. Од МНР не кажуваат ни до каде е случајот со долгот, кој го откри ревизијата за работењето на МНР за 2017 година, а објавен во март годинава... Во него стои дека судскиот спор се уште е во тек, а поради тоа што во Италија судските одлуки се однесуваат единствено на земјите кои се дел од Европската Унија, барањата за признавање на судската пресуда во македонските судови биле одбиени како неосновани. Ревизорите истакнуваат и дека заради спорот, станот кој Македонија го поседува во Рим како наследство од СФРЈ, се уште не може да се запишан како сопственост на земјава. „Причина за неизвршениот упис е наведениот спор од причина што со самото запишување на правото на сопственост се јавува можност од присилно извршување на судската пресуда врз недвижниот имот, сопственост на нашата земја“ За случајот и за судскиот спор, запознаени се и од министерството за правда и државното правобранителство, од кои ревизорите побарале мислење за понатамошно постапување. Во извештајот се додава и дека од корист за земјава би било спорот да биде решен во најкус можен рок. Инаку, владините предлози за амбасадори веќе го поминаа и претседателскиот филтер. Од кабинетот на Пендаровски велат дека тој дал согласност за процедурата да продолжи во МНР, а доколку се утврди дека некој од кандидатите не добие одобрение за вршење на службата, тоа ќе биде земено во предвид, со цел да се достави нов предлог за упатување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКрвав масакр на Сардинија- ѝ пукал во глава на сопругата, па отишол и го убил својот брат (ВИДЕО)Жена (47) е тешко повредена, додека нејзиниот зет, маж (42), е убиен во два одделни напади што се случија во четвртокот во зори во близина на Каљари на Сардинија.Италијанската полиција се сомнева дека двата инцидента се поврзани. Осомничениот, 39-годишен маж од Каљари кој легално поседувал огнено оружје, им се предал на карабинерите по нападот и признал дека ги застрелал сопругата и братот, објавува РАИ. Според досегашните информации, првиот напад се случил околу 5:45 часот наутро во градот Соланас, каде што жена била застрелана во главата во нејзиниот семеен дом. Таа се здобила со сериозни повреди на главата и била итно префрлена во болницата Броцу во Каљари. Само 25 минути подоцна, околу 6:10 часот наутро, службите за итни случаи добиле повик од населбата Марџине Росо во општината Кварто Сант'Елена. Таму бил пронајден 42-годишен маж, застрелан во градите и починал на местото на настанот. Пет минути по вториот напад, во 6:15 часот наутро, осомничениот доброволно се појавил во станицата на карабинерите и признал дека ги застрелал сопругата и братот. Според првичните резултати од истрагата, мотивот за злосторството најверојатно лежи во сериозни семејни конфликти. По наредба на дежурниот обвинител, мажот е уапсен и приведен, додека карабинерите продолжуваат со истрагата и собирањето докази со цел целосно да се реконструираат околностите на убиството и обидот за убиство.Тагови: Сардинија сопругата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБелорусија ја предупреди Полска на можна терористичка заканаБелоруското Министерство за надворешни работи ја предупреди Полска за можна терористичка закана на полска територија, а полските безбедносни служби сега ги проверуваат наводите. Официјална Варшава вели дека сериозно ја сфаќа секоја потенцијална закана, пишува „Еуроњуз“. Предупредување доставено до полски дипломат Белоруското министерство во четврток објави дека го повикало на разговори полскиот вршител на должноста амбасадор во Белорусија, Кшиштоф Ожана. На таа средба, според официјалното соопштение, на полската страна ѝ биле дадени информации за наводно планираниот напад. Целта на нападот наводно се деца на активистите Во соопштението од Минск се наведува дека во случајот се работи за лице кое живее во Полска и има криминално досие. Ова лице неодамна ја изгуби дополнителната заштита и правото на престој во земјата. Белоруските власти тврдат дека го планирале нападот врз децата на белоруски активист кој живее во Полска. Мотивот е одмазда бидејќи активистот наводно не му помогнал доволно на осомничениот да го задржи својот легален статус во Полска. Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека е подготвено да ѝ достави на Варшава дополнителни информации доколку е потребно. Полските служби ги проверуваат информациите Полската новинска агенција побара коментар од Јацек Добжински, портпарол на координативниот министер за специјални служби. „Не коментирам медиумски извештаи на оваа тема. Сепак, можам да ве уверам дека полските служби не игнорираат никакви загрижувачки сигнали и дека пристапуваат кон сите информации за можни закани со должна сериозност и решителност“, рече Добжински. Тој додаде дека специјалните служби генерално не зборуваат јавно за своите активности во раните фази од истрагата. „Вообичаено е разузнавачките служби насекаде во светот да не откриваат во оваа фаза дали презеле некакви чекори или какви точно се тие“, рече тој. Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, исто така, се осврна на ситуацијата во Варшава во петокот. Тој рече дека секое предупредување за тероризам се сфаќа сериозно. „Ова се информации стари само неколку часа и ние сè уште ги проверуваме. Секако, ние сериозно го третираме секое предупредување за тероризам и го подложуваме на верификација“, рече Сикорски.Тагови: белорусија Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
СветИндонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанотИндонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси.Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан на бродот е во тек, соопштија официјални лица. Глисерот испловил од нуркачкиот центар во регентството Тоџо Унаун кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал, што предизвикало потрага, објави АП. Бродот превезувал пет холандски државјани, тројца Германци, по еден од Чешка, Белгија и Франција, како и двајца индонезиски членови на екипажот. Според раководителот на канцеларијата за пребарување и спасување на покраината Горонтало, Херијанта, спасувачките екипи пребарувале површина од околу 300 квадратни наутички милји користејќи глисери, дрон со термичка камера и опрема за нуркање. Преживеаните рекоа дека откако наишле на силна бура, глисерот се распаднал и потонал, а патниците се спасиле користејќи сплав за спасување, додека капетанот се изгубил во густата магла. Операцијата за пребарување на капетанот ќе продолжи во следните седум дена, соопштија индонезиските власти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00