Унгарците загубиле 8 милијарди долари поради блокадата на ЕУ кон Русија

Унгарија загуби осум милијарди долари во можен извоз од кога се воведоа санкциите на Западните земји кон Русија, додека земјите од ЕУ ги прошируваат економските односи со Москва.

Ова денеска го изјави унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто на отворањето на новата канцеларија на унгарската агенција за промоција на извозот (ХЕПА) во Москва, пренесуваат унгарските медиуми.

„Работата на унгарската влада е да го следи примерот на западноевропските земји и да помогне во напредокот на унгарските компании на рускиот пазар“, изјави  Сијарто.

Во тој контекст, тој рече дека минатата година, од земјите од групата 7, Германија ја зголемила трговијата со Русија за 56 проценти, Франција за 40 проценти и Италија за 37 проценти.

Трговскиот промет меѓу Германија и Русија надминал 60 милијарди американски долари во 2018 година, додаде тој.

Наспроти тоа, унгарско-руската трговска размена, која достигна 10 милијарди американски долари во 2014 година, пред Русија да се најде под економски санкции, минатата година падна на само 6,4 милијарди американски долари, рече Сијарто.

притисни ентер