Малпас: Кризата во учењето бара нов пристап

За повеќето деца, десеттиот роденден е возбудлив момент. Тие сознаваат повеќе за светот и ги прошируваат хоризонтите. 

Но, многу деца – повеќе од половина од сите 10-годишни во земјите со низок и среден приход – не знаат да читаат и разберат едноставна приказна. Се наоѓаме во центарот на глобална криза во учењето која ги задушува можностите и аспирациите на стотици милиони деца. Тоа е неприфатливо.

Во октомври ги објавивме податоците за да ја поддржиме новата цел во учењето: до 2030 година, сакаме да го намалиме, барем за половина, глобалното ниво на сиромаштија во учењето.

Особено важна вештина е да се научи читање: тоа отвара многу можности и претставува основа врз која се гради останатото учење – вклучително броењето и науката. Елиминирање на сиромаштијата во учењето – дефинирана како процент на деца кои не знаат да читаат и разберат едноставна приказна до 10-годишна возраст – е итна состојба. Тоа е клучно за елиминирање на сиромаштијата генерално и поттикнување на заедничкиот (споделениот?) просперитет. Тоа е клучно за да се помогне децата да го постигнат својот потенцијал.

Но, во последните години, прогресот во намалување на сиромаштијата во учењето стагнира. Глобално, помеѓу 2000 и 2017 година, подобрувањата на резултатите од учењето за учениците од основно образование изнесуваше само 10 проценти. Ако тоа темпо продолжи, 43 проценти од 10-годишните деца нема да бидат во можност да читаат до 2030 година.

Во Македонија, неодамнешните резултати од Програмата за меѓународно оценување на учениците (ПИСА), што ја мерат способноста на 15-годишните ученици да го користат нивното знаење во читање, математика и наука, како и вештини потребни да се соочат со предизвиците во реалниот живот, покажуваат дека земјата значително ги подобрила резултатите во сите три предмети. На пример, резултатите по читање се подобрени за 41 ПИСА бодови, што е еднакво на една година школување. Сепак, во Македонија речиси половина од студентите не се во состојба да ги покажат основните компетенции потребни за читање, математика и наука споредено со просекот од еден на тројца студенти од земјите од регионот на Европа и Централна Азија.

Најголемите јазови остануваат помеѓу групите со најголем и најмал приход, т.е. учениците од пониската приходна група заостануваат за 90 ПИСА бодови, што е еднакво на две години школување.

Добрата вест е, децата кои ќе наполнат 10 години во 2030 година ќе бидат родени следната година. Ако итно делуваме, постои можност да се намали тој тренд.

Целта која ја поставивме е амбициозна, но може да се постигне – и би требало да ја поттикне акцијата кон постигнување на (одржливата развојна цел број 4) СДГ4 – обезбедување квалитетно образование за сите. Ќе биде потребно речиси тројно да се зголеми стапката на прогрес ширум светот, што може да се направи доколку секоја земја може да го мери резултатот со земјите кои постигнаа најголем прогрес во периодот 2000 и 2015 година.

Примерот на неколку земји покажува дека тоа е возможно. Во Кенија, националната програма за читање на Владата за три пати го зголеми процентот за читање на учениците од второ одделение на соодветно ниво. Тоа беше остварено преку технологија за обука на наставници, упатства за наставници и испорака на една книга по дете.

Во Виетнам, чистата, ефективна наставна програма гарантира дека се опфатени основните работи, дека има темелно учење на основните вештини и сите деца имаат материјали за читање. Резултатите од учењето на виетнамските ученици до најсиромашните 40 проценти од приходната скала, се високи или повисоки од просечен ученик во земјите со висок приход.

Предизвиците за намалување на сиромаштијата во учењето ќе се разликуваат помеѓу земјите и регионите. Во некои земји, пристапот до образование останува огромен проблем – 258 милиони млади луѓе глобално беа надвор од училиште во 2018 година. Во други земји, учениците се во училници, но не учат. Со одредување на глобална цел, Светска банка може да работи заедно со земјите во дефинирање на нивните национални цели на образование. Намалувањето на сиромаштијата во учењето на половина до 2030 година претставува само половина од целта. Нашата амбиција е да работиме со владите и развојните партнери да достигнеме нула сиромаштија во учењето.

Како најголем финансиер на образованието во земјите со низок и среден приход, Светска банка ќе работи со земјите во промовирање на вештината на читање во основните училишта. Политиките вклучуваат обезбедување детални водичи и практична обука на наставниците, обезбедувајќи пристап до повеќе и подобри текстови прифатливи за возраста и настава за учениците на јазик кој го користат дома.

Светска банка, исто така, работи со владите и развојните партнери во подобрување на севкупните образовни системи, така што напредокот на писменоста може да биде одржлив и зголемен. Тоа значи да се обезбеди дека децата доаѓаат во училиште подготвени и мотивирани да учат; наставниците се ефективни и ценети, и имаат пристап до технологија; училниците обезбедуваат простор добро опремен за учење; училиштата се безбедни и инклузивни; и образовните системи се добро управувани.

Амбициозната агенда за мерење и истражување ги поддржува овие напори и вклучува мерење на резултатите од учењето и нивните двигатели, континуирано истражување и иновации и паметна употреба на нови технологии за тоа како да се изградат основни вештини.

Кризата во учење не само што го троши потенцијалот на децата, туку штети на целата економија. Тоа негативно ќе влијае врз идната работна сила и економската конкурентност – како што покажува Индексот за човечки капитал на Светска банка, дека на глобално ниво, продуктивноста на просечното дете родено денес се очекува да биде само 56 проценти од она што би било доколку земјите инвестираат доволно во здравството и образованието .

Елиминирање на сиромаштијата во учењето мора да биде приоритет, исто како ставањето крај на гладот и екстремната сиромаштија. Нема да биде лесно, но не можеме да се повлечеме од овој предизвик. Тоа го должиме на децата низ целиот свет, да ја поставиме нашата цел високо, за да можат и тие истото да го направат.

Дејвид Малпас, претседател на Групацијата Светска банка

Пожар изби во куќа зад Универзална сала, интервенираа противпожарните екипи

Избегната трагедија во скопски центар, со херојска реакција на соседите во последен момент спасени се 80 годишен маж и неговата сопруга, по пожарот кој избил во нивниот дом позади Универзална сала.

Нивниот сосед Александар Петковски, сопственик на кафеаната од спротива вели само што го виделе чадот, со неговиот вработен без размислување притрчале во помош соочувајќи се со огнот, свесни дека таму живеат повозрасни и изнемоштени лица и дека ќе им треба помош да се евакуираат.

-Тука сме комшии со луѓето, наеднаш искочи некој пожар, почна да се крева некоја паника, ние како комшии, како добри соседи, пријатели, излеговме во пресрет, влеговме во да видиме што се случува таму, наеднаш настана некоја фама, некоја галама, дадовме се од себе им рековме на луѓето да излезат, да им помогнеме, тоа е што видовме, страшно, жално , -Александар Петковски – Сосед.

Куќата чија внатрешност се претвори во пепел, е изградена во 1936 година, а според она што ни го кажаа на терен, сопствениците се сомневаат дека до пожарот дошло поради палење на инсталацијата.

Сопствениците се сомневаат дека пожарот настанал од полнач приклучен во спалната соба, а пламенот се проширил за неколку секунди низ целата куќа.

По само кратко време од пријавувањето пожарникарите, брзата помош и полицијата се појавиле на самото место. Сопствениците биле веднаш прегледани од медицинските екипи, кои констатирале дека се во добра состојба. Пожарникарите пак кои го локализираа огнот, неколку часа се бореа целосно да го изгаснат истиот, а најмногу главоболки им создадоа даските на таванот..

Увид во состојбата направиле и инспектори на О. Центар. Од таму за Канал 5 ТВ велат дека во вакви случаи следува еднократна парична помош, но дури откако МВР и ОЈО ќе ја утврдат причината и ќе направат записник за материјалната штета. По собирањето на комплетната документација, велат, сопствениците можат да поднесат барање до локалната самоуправа.

Поплава на токсикологија, пукнала цевка од парно на третиот кат

Поплава на Клиниката за токсикологија. Од пукната цевка од радијатор час и половина течело вода. 

Дефектот се случил од една во лекарските соби на вториот кат на клиниката. Дежурен доктор повикал помош од вработен од клиниката кој ја успеал да го среди дефектот. Поплавата стигнала и до вториот кат, во сите лекарски соби каде има ламинат, водата поплавила и болнички соби од првиот кат, водата стигнала и до подрумските соби, раскажуваат извори од клиниката за Канал 5. Од министерството за здравство велат дека контактирале со клиниката и им било кажано дека дефектот е поправен.

Извори од клиниката за Канал 5 велат дека ова не е прав ваков дефект и затоа на прес конференција вработени до клиниката бараа да се регагира до економската директорка Бесија Иљази која освен што не ставила потпис за вработување на потребните биолози на клиниката таа не ставила потпис ниту за одлуката каде се барало да се осигура клиниката.

Штета од поплавата има и треба да допрва се калкулира колку ќе ја чини клиниката синоќешната поплава.

По најавата од министерот Илир Демири дека ќе го разреши медицинскиот директор Данил Петровски засега нема таква одлука зошто станува збор за изборен период и нема разрешување. Според министерот, Петровски не сакал да потпише продолжување на работните договори за 18 хонораци.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата за 15 отсто

Дали граѓаните сепак ќе се спасат од поскапување од 15 отсто на осигурувањето за регистрација на возилата?

Ова прашање се отвори откако Националното биро за осигурување првично донесе ваква одлука, но ја оспори Агенцијата за супервизија на осигурување, која ја смета за неоправдана. По нивно барање, денеска итно се состанала Комисијата за осигурување во Министерството за финансии која го има последниот збор.

Од финансии соопштија дека веќе побарале објаснување од Националното биро, а нивните аргументи ќе ги разгледуваат на седница во понеделник, а во меѓувреме се обратиле и до Комисијата за зашита на конкуренцијата со цел да испита дали се прекршеници правилата за фер и конкуренто однесување.

Новите цените на осигурувањето што ги опфаќат возилатаа со моќност на моторото над 44 киловати, стапија на сила од вчера, а денеска Агенцијата за супервизија на осигурувањето соопти дека по извршените актуарски пресметки, утврдиле дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

-Го информиравме и доставивме предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност – соопштија од таму.

Граѓаните, што ги анкетиравме велат дека одлуката да поскапи осигурителната полиса е неправедна.

Доколку останат цените што ги одредило Националното биро, сопствениците на возила со моќност на моторот од 44 до 55 киловати наместо 5.453 денари, сега за осигурување ќе треба да платат 839 денари повеќе, односно 6.292 денари.

Од 6.166 на 7.116 денари се зголемува цената за возила со моќност од 55 до 65 киловати, додека пак 1.100 денари повеќе ќе платат оние кои имаат возила со моќ од 66 до 84 киловати.

Најголемо зголемување на цената на осигурителната полиса ќе почувствуваат сопствениците на возила со помоќен мотор. Над 1300 денари повеќе ќе платат возачите чии коли се со моќност од 84 до 110 кв, додека пак над 1500 денари повеќе ќе ги чини осигурувањето тие кои поседуваат автомобил со моќност на моторот од над 110 киловати.

– НОВА ЦЕНА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛО

СТАРА ЦЕНА НОВА ЦЕНА

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 44 ДО 55 КВ 5.453 ДЕН. 6.292 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 55 ДО 65 КВ 6.166 ДЕН. 7.116 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 66 ДО 84 КВ 7.133 ДЕН. 8.233 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 84 ДО 110 КВ 8.510 ДЕН. 9.821 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ НАД 110 КВ 10.294 ДЕН. 11.879 ДЕН.

притисни ентер