Министерката Ангеловска ќе ги посети штандовите на учесниците на Саемот „Купи куќа, купи стан"

Нина Анеловкса ќе ги посети штандовите заедно со Милена Перчинкова и Ивица Јакимовски.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, извршниот секретар на Македонска банкарска асоцијација Милена Перчинкова и претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори, Ивица Јакимовски денеска ќе ги посетат штандовите на учесниците на Саемот „Купи куќа, купи стан".

Пред обилколката на штандовите на Саемот, што се одржува во Скопје Сити Мол, тие ќе имаат свои обраќања.

Кремљ:Шишето би можело да биде доказ во случајот Навални , но е изнесено од Русија

Кремљ денеска соопшти дека шишето вода од хотелската соба на опозицискиот лидер Алексеј Навални, каде биле пронајдени траги од Новичок, можело да биде доказ во случајот, но наместо тоа соработниците на Навални го однеле од Русија.

Тимот на Навални вчера објави дека шишето вода од хотелската соба во Томск, каде што престојувал Навални минатиот месец, е однесено во Германија и на него се пронајдени траги од нервниот отров Новичок. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека руските експерти не можат да го проучуваат шишето со вода и затоа Москва не може да го коментира случајот.

,,Не можеме да го објасниме тоа, бидејќи, како што знаете, ова шише, доколку постоело, е однесено во Германија или на некое друго место. Нешто што можеше да стане доказ за труење, за жал, е изнесено од земјата. Тоа покренува дополнително прашање - зошто? " - рече Песков.

„Има премногу апсурди во оваа приказна за да се земе некој збор здраво за готово“, додаде тој.

Русија вели дека и требаат повеќе докази пред да започне официјална кривична истрага за случајот Навални и побара од Германија да и ги предаде медицинските податоци на Навални за анализа.

Сојузниците на Навални велат дека соодветната истрага за случајот ќе открие дека Кремљ, претседателот Владимир Путин и безбедносните служби на Русија се одговорни за труењето на опозицискиот политичар.

Кремљ ги нарече обвинувањата неосновани и рече дека нема смисла да се труе Навални, а потоа да му се дозволи да замине на лекување во друга земја, каде што може да се откријат трагите од труење.

На Навални му се слоши на летот од Сибир до Москва минатиот месец. Тој помина извесно време во сибирската болница, а потоа беше префрлен во Берлин на лекување по барање на неговото семејство.

Велика Британија изјави дека е скоро сигурно дека руските разузнавачи го нападнале Навални, еден од најжестоките критичари на Путин, и дека Русија мора да даде одговори за случајот затоа што употребата на хемиско оружје е неприфатлива.

Германија побарала помош од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) во истрагата за наводното труење на Навални, соопшти хашката организација, додавајќи дека нејзините експерти „зеле биомедицински примероци од Навални за да ги анализираат“.


ЕСМ: Краткотрајното испуштање вода од Охридско Езеро е поради чистење наноси во Црн Дрим

Во моментов котата на Охридското Езеро се наоѓа на 7см над минималната кота.

Ззголеменото испуштање вода во изминатите дваесетина дена беше преземено во интерес на олеснување на најавените активности за отстранување на повеќе од 10000m3 нанос од песок и друг материјал на истекот на реката Црн Дрим.

Проектот на чистење е финасиран од УНДП и одобрен од Министерството за животна средина и од Општина Струга.

На барање на изведувачот на работите (во прилог), АД ЕСМ како имател на водостопанската дозвола за користење на водите на Охридското Езеро за производство на електрична енергија, а согласно на тоа и регулатор на истекот, обезбеди максимален истек на вода со што беше овозможено непречено извршување на работите кои се во интерес на целата заедница.

Работите успешно завршија, и вчера 17.09.2020 година, при кота на Охридското Езеро 693.17 м.н.в. заврши понатамошното намалување на нивото.

Инаку, дозволените коти на Охридско Езеро согласно Водостопанската дозвола на АД ЕСМ се движат од 693.75 до 693.10.

АД ЕСМ

Хоџа: Ќе формираме заеднички комитет на лозарите и винарските визби за да се отстранат проблемите со откупот на грозјето

Во наредниот период ќе формираме заеднички комитет на лозарите и на винарските визби за да направиме долгорочна стратегија за  да не не затекнуваат секоја година проблемите со откупот на грозјето.

Тоа го порача од Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа.

-Ќе разговараме во тој дел и ќе се обидеме да најдеме најдобро можно решение, рече Хоџа во одговор на прашање по денешната прес-конференција во Кавадарци заедно со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Прашан дали се точни шпекулациите дека е запленето грозје од Тиквешијата со тешки метали и оти е вратено во земјава, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство посочи дека пред да дојде во Кавадарци службите го информирале дека нема никаков проблем со останатите држави во кои се извезува грозје од Тиквешијата.

-Затоа не верувам дека имаме таков конкретен случај, потенцира Хоџа.

притисни ентер