Неделен хороскоп за 9. до 16. декември 2019 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник , 9. декември до 16. декември 2019 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм.

Кариера

Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта.

Здравје и совет

Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели.

Кариера

На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте.

Здравје и совет

Немојте да пиете студени пијалоци.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни.

Кариера

Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор.

Здравје и совет

Би сакале да истражувате непознати места .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност.

Кариера

Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно.

Здравје и совет

Човек на човека е лек.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства.

Кариера

Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција.

Здравје и совет

Не заборавајте на редовниот одмор и сон.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете.

Кариера

Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични.

Здравје и совет

Можете да поместувате планини.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии.

Кариера

Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш.

Здравје и совет

Занимавајте се со јога и медитација.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги.

Кариера

Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација.

Здравје и совет

Никаде не брзајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол.

Кариера

Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност.

Здравје и совет

Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат.

Кариера

Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа.

Здравје и совет

Не ги поместувајте границите по секоја цена .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение.

Кариера

Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци.

Здравје и совет

Не ги напуштајте новите идеи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро.

Кариера

Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Oние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни.

Здравје и совет

Не го потценувајте здравиот и мирен сон.

МЗ: Во државава нема сомнителни случаи на корона вирусот, да се почитуваат мерките за превенција

Согласно препораките на Светската здравствена организација, од Министерството за здравство апелираат граѓаните во целост да ги следат и почитуваат мерките за превенција и тоа: да се воведе дополнителна заштита на храната.

Во државава не се забележани сомнителни случаи на корона вирусот, па дури и во препораките за патување издадени од повеќе земји, Македонија е ставена во рамки на земјите со вообичаена доза на претпазливост при патување, соопшти Министерството за здравство, посочувајќи дека редовно се следи состојбата и се преземени сите мерки на заштита и превенција.

Согласно препораките на Светската здравствена организација, од Министерството за здравство апелираат граѓаните во целост да ги следат и почитуваат мерките за превенција и тоа: да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни, да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова храна и да се мијат задолжително рацете после секоја нејзина подготовка, а при подготовка на месо и јајца тие убаво термички да се обработат.

Од Министерството потенцираат дека треба да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари односно задолжително да се носат заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно, да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема, да се штити населението од настинки односно да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни, задолжително и често да се мијат рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката, а по употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

Од Министерството наведуваат дека граѓаните треба да бидат спокојни, системот за превенција од корона вирусот целосно функционира.

-На аеродромот во Скопје е поставена термална камера, имаме стручен медицински тим со кој раководи епидемиолог. Имаме доволно заштитна опрема со која дежурните екипи ќе постапуваат при евентуален транспорт на сомнителен случај, а деновиве ќе пристинат и околу 500 реагенси за испитување на корона вирус. Наш највисок приоритет е здравјето на граѓаните, пациентите и здравствените работници. Министерството за здравство продолжува будно да ја следи состојбата и редовно да ја известува јавноста, стои во соопштението.

Првиот хибриден модел од Масерати се очекува во 2020 година

Италијанската компанија Масерати одлучи во понудата да внесе електрични и хибридни возила.

Масерати е на чекор до голема промена која се очекува од сите автомобилски компании. „GranTurismo“ моделот достигна полн животен циклус и ќе биде заменет со нов, потполно електричен автомобил.

Иако не е познато дали овој модел е следниот новитет од Масерати, од компанијата открија дека можеме да очекуваме хибридни и електрични возила.

Нема официјална потврда за тоа кога можеме да ги очекуваме првите хибридни автомобили, но според „Automotive News“ Европа, првиот модел од овој вид доаѓа дури и порано од очекувано- 21 април 2020 на интернационалната автомобилска изложба во Пекинг.

Според нивните тврдења„ извор запознаен со плановите на Масерати“ го открил овој детаљ, но не е разјаснето дали новиот модел ќе биде хибрид.

Изворот не открил никакви детали за хибридниот погонски систем па не се знае точно каков мотор ќе се користи во новиот модел.

Планот на Масерати, според официјалното соопштение вклучува 10 нови или унапредени модели кои ќе се појават од 2020 до 2023 година, па верзиите од моделите „Levante“ и „Quattroporte“ најверојатно се веќе во изработка.

„Ghibli“ ќе биде првиот Масерати модел претворен во електричен, што е изненадувачки со оглед на светската популарност на теренските автомобили.

Новите верзии од моделите „GranTurismo“и „GranCabrio“ ќе бидат целосно електрични и исто така би требало да се појават оваа година.

Добра вест за корисниците на „Windows 7“, сепак ќе добијат ново ажурирање

Корисниците на  „Windows 7“оперативниот систем сепак ќе добијат ново ажурирање, иако поддршката официјално е престаната.

Пропустот кој е направен со последното ажурирање „KB4534310 “ доведе до тоа одредени „Windows 7“ позадини ( оние во „стреч“ мод)  да бидат заменети со обична црна слика.

Едно од решенијата е просто да престане да се користи „Стреч“ опцијата, но Мајкрософт рече дека проблемот ќе биде поправен за оние кои купиле „Windows 7 Extended Security Updates“.

Со други зборови, решението треба да биде достапно за оние кои плаќаат додатна поддршка.

Имаше и некои „теории на заговор“ според кои Мајкрософт на овој начин ги казнува сите оние кои не сакаат од „Windows 7“ да прејдат на „Windows 10“, пишува „Tech Radar“.

Во секој случај, сепак од Мајкрософт решиле дека ажурирањето ќе го добијат сите корисници а не само оние кои плаќаат додатен пакет за ажурирања.

притисни ентер