Сообраќајка на патот Кичево-Скопје кај Зајас, возилата по една коловозна лента

  Поради сообраќајка, на патот Кичево – Скопје, на потегот од село Зајас до село Милинци, возилата се движат наизменично по една коловозна лента.

Сообраќајот се одвива наизменично од 13:20 часот, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски" за 2019 година

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски" за 2019 година.

Оваа награда се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на државата.

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски" соопшти дека за остварување во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на проф. д-р Агим Паљоска, албанолог.

Наградата за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на Димитар Башевски, писател, Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог. /МИА

Поради одрон во прекин сообраќајот на патот Маврови Анови – Дебар, кај Сенце

На патниот правец Р1202 Маврови Анови – Дебар кај село Сенце од 6:50 часот сообраќајот е во прекин поради одрон, информира ЈП „Македонија пат".

Екипите на претпријатието работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. /МИА

Облачно, а попладне сончево со слаб ветер

Времето претпладне ќе биде со магла или ниска облачност по котлините, а попладне сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб, а во југоисточните делови повремено умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 12 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Минимална температура ќе изнесува од минус пет до три степени, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 15 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од североисточен правец. Минимална температура ќе се движи од нула до седум степени, а максималната од седум до 12 степени. /МИА

притисни ентер