Градоначалничката на Драч си поднесе оставка по изјавата дека ,,е среќна што загинале само 50 луѓе”

Градоначалничката на Драч, Валбона Сако поднесе оставка, откако несоодветната изјава предизвикаа бран од критики во јавноста и особено кај семејствата на загинатите и луѓето погодени од силниот земјотрес.

Сако изјави дека е среќна што во катстрофаниот земјотрес загинале само 50 луѓе.

Инаку , тлото во Албанија не се смирува. Трет силен земјотрес ја погоди земјата од утрово.

Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 11:42 часот. Епицентарот бил на 42 километри западно од главниот град Тирана, на длабочина од два километри.

Силината на земјотресот била 4 степени по Рихтер. И претходните два зедмјотреси утрово биле со магнитуда од нешто помалку од 4 степени.

Ова се само уште еден во низата земјотреси што го погодија јадранскиот брег, а секако земјата претрпе најголема штета на 26 ноември, кога беше погодена од разорниот земјотрес во кој според најновите информации, загинаа најмалку 50 луѓе.

притисни ентер