Пристигнува атрактивен полициски Ауди , вози до 300 км/час (ФОТО)

Секоја година, по еден германски тјунер презентира преправка на спортски автомобили во боите на германската полиција, за да го ажурира Tune it! трендот. 

Минатата година стануваше збор за BMW i8, додека оваа година полициската иконографија ќе ја носи Audi RS4. Овој автомобил сигурно нема да го сретнете на пат се до 8-ми декември, кога ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Есен.

И она што го прави овој Audi посебен е класичниот тјунинг на мајсотрите од ABT. За почеток, тие ги зголемија опциите на моторот за 80 КС и 90 Nm, до конечни 530 КС и 690 Nm.

Сега засилени со издувни цевки од карбон, оваа серија Ауди стигнува до 100 км на час за 4,1 секунда и вози до 280 км на час. Но , приспособениот автомобил до 100 км/час стигнува безбедно за помалку од 4 секунди и вози до максимални 300 км на час.

Foliatec и Hella се одговорни за полицискиот дизајн, со ревидирана шасија и тркала со дијаметар од 21 инчи.

Петмина починати и 88 новозаболени -Филипче најавува нови рестриктивни мерки

Владата разгледува воведување нови рестриктивни мерки за да се спречи енормно зголемување на бројот на заболени од ковид 19 есенва.

Министерот Филипче не ја отфрла можност и за карантин и полициски час. Во меѓувреме, сите кои досега користеа мерки, меѓу кои и хронично болните и родителите на продолжено породилно, од утре треба да се вратат на работа.

Игор Манасиевски со повеќе детали.

Сингапур,Хелсинки и Цирих се ,,најпаметните" градови на светот

Сингапур, Хелсинки и Цирих се најпаметните градови на светот, според швајцарската анализа објавена во време на дебата за иднината на урбаниот дизајн во ерата на постпандемијата.

Од паметни сообраќајни камери и апликации за споделување автомобили до контрола на загадувањето и бесплатен безжичен интернет за сите, градовите низ целиот свет се натпреваруваат за да ја прифатат технологијата, но експертите велат дека вистинското прашање е колку граѓаните имаат корист од тоа.

„Најпаметните градови во светот не прифаќаат нова технологија автоматски, туку се стремат вистински да го подобрат животот на граѓаните“, вели Артуро Брис од Швајцарскиот институт за управување со развој (ИМД), што го објавува својот Индекс на паметни градови втора година по ред.

Оваа година во анализата биле анкетирани 13.000 луѓе од 109 градови кои одговориле на прашања за влијанието на технологијата во шест области: здравје, безбедност, мобилност, активности, можности и управување.

По Сингапур, Хелсинки и Цирих, се најдоа Окланд, Осло, Копенхаген, Женева, Тајпеј, Амстердам и Њујорк,рангиран на 10-то место.

На дното завршија африканските градови Абуџа, Најроби и Лагос. Индексот покажа дека во многу земји најпаметните градови не се нивните престолнини.

Во Шпанија, Билбао го надмина Мадрид, а вториот по големина британски град Бирмингем напредува подобро од Лондон. Брис забележува дека приоритетите на градовите во користењето на технологијата се различни.

Во колумбискиот Меделин, некогаш познат по нарко картелите, стапката на криминал значително се намалила по воведувањето бесплатен безжичен интернет, што им олеснува на граѓаните да пријавуваат злосторства, рече Брис.

И иако многу градови низ светот воведоа шеми за споделување автомобили за да се намали сообраќајниот метеж, Москва е особено успешна во тоа, бидејќи им гарантира бесплатно паркирање автомобили на сите корисници на апликации за споделување автомобили.

Експертите велат дека ковид-19 го забрзал преминот кон поинклузивни, позелени, попаметни градови, но Брис исто така предвидува тренд кон помалите градови.

„Мислам дека се движиме кон свет во кој ќе бидеме повеќе распрснати. Ќе бидеме побезбедни ако живееме во помалите градови“, рече тој.

Истражувањата исто така покажале дека е тешко да се направат мегаградовите да бидат паметни.

"Помалите градови имаат предност. Во случајот на Сингапур, Хелсинки и Цирих, нивната големина им овозможува значително да инвестираат во технологија достапна за сите граѓани", рече Брис.

Двајца се осудени на смрт поради пожарот во Пакистан,кога загинаа 280 луѓе

Најсмртоносниот индустриски пожар во историјата на Пакистан, во кој загинаа повеќе од 280 работници во текстилна фабрика во септември 2012 година, не бил несреќен случај.

Ова денеска го соопшти пакистанскиот суд, осудувајќи на смрт двајца поранешни политички активисти за подметнување на пожарот.

Судот за борба против тероризмот утврдил дека двајцата мажи го запалиле, бидејќи сопствениците не се согласиле да бидат уценувани и да им плаќаат рекет на уценувачите.

Пожарот во фабриката за текстил Али Ентерпрајз, во четирикатна зграда во Карачи, предизвика огромен скандал во пакистанската јавност, бидејќи се појавија сведоштва од преживеаните за заклучените врати на фабриката и несоодветни мерки за гаснење на пожарот.

Меѓу осумте обвинети во случајот, четворица биле прогласени за виновни, додека четворица се ослободени, меѓу кои и тогашниот регионален министер за индустрија, Рауф Садики.

Тој е член на Движењето Мутахид Кауми (MQM), партија која со години е поврзана со насилно политичко ривалство во Карачи, и сега е партнер во коалициската влада на премиерот Имран Кан.

Двајцата одговорни за подметнување на пожарот и осудени на смрт - Реман Бола и Зубаир Чарија - биле активисти на MQM.

За време на осумгодишното судење, биле испитани 400 сведоци и се одржани 171 рочиште.

MQM, во меѓувреме, се подели на неколку фракции, а денешното раководство негира каква било поврзаност со пожарот во 2012 година.

притисни ентер