Се подготвува спектакуларен трансфер на Луис Хамилтон ?!

Ферари го бара  најдобриот возач на денешницата, Луис Хамилтон.

Метиа Биното, шеф на тимот на Ферари, откри дека тимот ќе биде задоволен ако го донесе Хамилтон за сезоната 2021 година.

"Луис е неверојатен возач, тој е фантастичен и фактот дека да ќе стане слободен во 2021 година нè прави среќни. Рано е да донесеме одлука, ние сме среќни со возачите што ги имаме, но во одреден момент следната сезона, ќе размислиме за потегот што ќе треба да го направиме", рече Биното.

Хамилтон е подготвен да го прослави својот 35-ти роденден во јануари и најверојатно ќе има уште еден голем договор до крајот на кариерата. Британските медиуми шпекулираат дека Макс Верстапен од Ред Бул, кој е 12 години помлад од Хамилтон, би можел да го замени во Мерцедес.

Ферари го има 22-годишниот Чарлс Леклерк и 10 години постариот Себастијан Фетел кој е во голем пад. Затоа , наместо Фетел многумина во Ферари го гледаат Хамилтон.

Британскиот возач ја освои третата титула во серија и стигна до рекордот на Шумахер. Легендарниот Германец има седум шампионски титули, една повеќе од Хамилтон.

Ва Мерцедес, Хамилтон заработил 57 милиони долари од 2013 година и по сезона, 12 повеќе од Фетел во Ферари.

„ВИК“ доби државна помош за втор инвестициски циклус во ТИРЗ Прилеп

Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во Технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп.

Договорот за државна помош го потпишаа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата, Вернер Шоеб, а истиот превидува помош од 2,5 милиони евра за вработување на нови 100 лица.

„Вик Македонија“, која работи во ТИРЗ Прилеп, е германска семејна компанија основана во 50-тите години од минатиот век, која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Во 2018 година со оваа компанија беше потпишан првиот договор за државна помош, а компанијата веќе имаат реализирано инвестиција од 10,5 милиони евра, а во моментов таму работат 250 лица.

Путин: Наскоро втора вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека втората руска вакцина против вирусот корона ќе биде регистрирани во најскоро време.

„Инаку, наскоро ќе биде регистрирани и втора вакцина против вирусот корона“, рекол Путин обраќајќи се пред сенаторите во Советот на Федерацијата.

Рускиот претседател додал дека властите на Русија ги имаат во предвид можните ризици во борба против вирусот корона.

Според зборовите на Путин, рускиот здравствен систем е подготвен ефикасно да се справи со коронавирусот и сезонскиот бран на настинки и грип.

Претходно министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров изјавил дека втората руска вакцина против Ковид-19 ќе биде произведувана од компанијата „Биокад“.

„Спутник“ потсетува дека Русија во август ја регистрираше првата вакцина против коронавирус во светот, која ја разви центарот „Гамелеј“, заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Моментално е во тек финалната фаза на тестирање на вакцината, во која учествуваат голем број на доброволци.

Фото: Заев, Николовски и Филипче не носеле кациги, казнети по 50 евра

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Од платните налози што ги објавија некои портали, се гледа дека на тројцата државни функционери издадени им се платни налози во висина од 50 евра.

Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот Гоце Делчев во близина на Владата пред три дена, а од возењето се појави и аматерска снимка на социјалните мрежи.

МВР последните денови врши засилени контроли во сообраќајот низ државата.

Во Штип само за еден час биле казнети 50 возачи.

притисни ентер