ТАВА СО МОДРИ ПАТЛИЏАНИ И МЕСО

РЕЦЕПТ НА МАСЛИНА СОФРОНИЕВСКА

Потребни состојки :  2 модри патлиџани, 1 главица кромид, 1  кг. мелено месо, 3 свински кременадли, 2 парчиња стек, 4 парчиња свински ребра, 1 тегла салца, 300 гр. печурки, малку зачин од сув зеленчук и масло по потреба.

Постапка:

Во тава со масло се пропржува сечкан кромид и пола од меленото месо.

За тоа време делумно се лупат модрите патлиџани и се вади внатрешниот дел.

Во тава се додава внатрешниот дел од модрите патлиџани и се продолжува со пржењето.

Во текот на пржењето постепено се додава салца.

Во тенџеро со загреано масло се пржат кременадлите.

Од остатокот од мелено месо се формираат плескавици и се пржат во тенџерето.

Потоа се пржат свинските ребра.

Пилешкиот стек се сече на половина, се зачинува со зачин од сув зеленчук и се пржи во тенџерето..

Владбнатите модри патлиџани се ставаат во средина на голема тава и се полнат со смесата од: кромид, мелено месо и салца.

Прженото месо се реди околу полните модри патлиџани.

Одозгора состојките се посипуваат со пропржени печурки со салца.

На крај  состојките во големата тава се ставаат во рерна да се печат околу 5-10 минути на 250 степени.

притисни ентер